Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Научниците откриле како да заздрават раните без да останат лузни

 
повреда
Фото: Flickr

Без разлика дали се од хируршка процедура, несмасно бричење или инцидент со велосипед што се случил кога сте имале пет години, сите имаме лузни што сакаме да исчезнат.

И додека не можете направите ништо во врска со лузните што веќе ги имате, во 2017 година научниците откриле како свежите рани да заздрават во нормална, регенерирана кожа наместо во лузна - нешто што претходно се сметало невозможно кај цицачите.

„Во суштина можеме да манипулираме со заздравувањето на раните, што доведува до регенерација на кожата наместо лузни“, вели Џорџ Коцарелис, претседател на Одделот за дерматологија при Универзитетот во Пенсилванија.

„Тајната е прво да се регенерираат фоликулите на влакното. Потоа маснотиите ќе се регенерираат како одговор на сигналите на тие фоликули“, додава тој.

2
Фото: Science

Ако некогаш сте се запрашале зошто ткивото на лузна изгледа толку различно од другиот дел на кожата, тоа е така затоа што ткивата на лузните не содржат масни клетки или фоликули на влакната.

Но ткивото на лузната е целото составено од клетки наречени миофибробласти, а тие воопшто не содржат масни клетки, така што наместо да се вклопи во околната кожа откако раната ќе заздрави, тој дел изгледа сосема различно, и тоа засекогаш. Истото важи и за стареењето на кожата - како што старееме, ги губиме нашите адипоцити, што доведува до промена на бојата и појава на длабоки, неповратни брчки.

Но научниците откриле дека постојните миофибробласти всушност можат да бидат конвертирани во адипоцити, што укажува дека раната се лекува, а лузната може да се конвертира во регенерирана кожа - нешто што научниците сметале дека е можно само кај рибите и водоземците.

„Претходно мислевме дека миофибробластите не се способни да станат поинаков тип на клетка. Но нашето истражување покажува дека имаме способност да влијаеме врз овие клетки и дека можат ефикасно и стабилно да се претворат во адипоцити“, вели Коцарелис.

Да се надеваме дека дел од ова истражување ќе доведе до третман што би можел да помогне раните да заздрават без лузни.
 
Објавено на 21.01.2018 во категорија Наука
Подготвил: Тамара Гроздановски / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Наука