Психолошките и невролошките нарушувања кај ликовите од „Алиса во Земјата на чудата“

Психолошките и невролошките нарушувања кај ликовите од „Алиса во Земјата на чудата“

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Повеќето лекари се воздржуваат од поставување дијагноза на луѓе што не ги сретнале или не ги прегледале. Но, понекогаш се поставува униформна дијагноза за одреден шаблон на симптоми или однесување, особено кога се работи за ментални нарушувања. А, што е со фиктивните ликови? Може ли да им се припишат ментални болести на замислени ликови, на пример, од класикот „Алиса во Земјата на чудата“? Дури е и невозможно да не се стори тоа со оглед на моментите на лудило во самата приказна.


Самиот автор Луис Керол нацртал многу од своите претстави, од третирањето на менталните нарушувања во 19 век во Англија, а многу од нив биле поврзани со работење во екстремно лоши услови. За време на Индустриската револуција постоеле таканаречени „засолништа за луди сиромаси“, од работничката класа. Чичкото на Карол бил одговорен во една од комисиите во таквите институции.

Сепак, сега можеби е соодветно да се споменат анксиозното нарушување и нарцизмот кај некои ликови од приказната, но во времето кога била напишана ваквите нарушувања не биле категоризирани. Во 1955 година доктор Џон Тод го создал терминот Алиса во земјата на чудата-синдром за да опише состојба во која големината на деловите од телото или надворешните објекти се перципираат погрешно. Синдромот се поврзува со чести мигрени, од кои страдал и самиот Луис Керол. Неврологот Холи Баркер, пак, идентификувала две други состојби кои смета дека се очигледни кај Алиса.

1. Деперсонализација

Во неколку наврати во приказната Алиса го преиспитува сопствениот идентитет и се чувствува „различно“ на некаков начин. Тоа, според Баркер, може да се протолкува како нарушувањето деперсонализација, во кое се истакнуваат низа симптоми како чувства за неприпаѓање на сопственото тело, недостиг на сопственост на мислите и сеќавањата, чувство на неприсутност. Пациентите најчесто се свесни за апсурдноста на ситуацијата и нема присуство на психоза. Најмногу се појавува кај здрави индивидуи, како резултат на стрес, измореност или користење на дроги. Се поврзува и со траума и злоупотреба во текот на детството, па се јавува како одбранбен механизам.

2. Просопагнозија

Оваа состојба се карактеризира со селективна неспособност за препознавање лица. Може да е и резултат на траума или мозочен удар. Индивидуите всушност не умеат да разликуваат членови на семејството или блиски пријатели од комплетни странци.

Приказната на Керол содржи неколку апстрактни и апсурдни математички концепти, како имагинарни броеви и проекциска геометрија. Истражувањата покажуваат дека приказната презентира и комплексно разбирање од 19 век на менталните болести и невролошките нарушувања