Што читал Семјуел Бекет во слободно време?

Што читал Семјуел Бекет во слободно време?

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


Семјуел Бекет
(Фото: Richard Avedon / Paris, 1979)


Писмата што ги пишувал Бекет се полни со имиња од светот на книжевноста што ги среќавал во текот на својата работа: авторите за кои пишувал (Пруст), поетите што ги преведувал (Аполинер), врсниците кои ги следел (Јонеско), претходниците на кои им се восхитувал (Џојс). Но, во својот „приватен“ живот, оној надвор од професијата, Бекет исто така бил страстен читател и дискутирал за своето омилено четиво (и не толку омилено) со многумина со кои се допишувал.

Овие книги се споменуваат во вториот том од „Писмата на Семјуел Бекет“ и нудат увид во тоа што заземало простор на неговата масичка крај креветот во периодот од 1941 до 1956 година.

„Андромаха“ од Жан Расин: „Ја прочитав ’Андромаха‘ повторно со најголемо воодушевување и со повеќе разбирање, со најмалку големо разбирање за тоа какви се можностите на театарот денес“.

„Пат околу светот за 80 дена“ од Жил Верн: „Премногу животни работи“.

„Замок“ од Франц Кафка: „Се почувствував како да сум дома, дури и премногу – можеби затоа престанав да читам понатаму. Случајот е завршен тука и тогаш“.

„Игра во ’ржта“ од Џ. Д. Селинџер: „Навистина многу ми се допадна, повеќе од што било друго во подолг временски период“.

„Куќата на злото“ од Агата Кристи: „Преуморна Кристи“.

„Ефи Брист“ од Теодор Фонтане: „Ја прочитав по четврти пат пред некој ден, со истите стари солзи на истите стари места“.

„Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“
од Виктор Иго.

„Патување до крајот на ноќта“ од Луј-Фердинанд Селин.

„Лотреамон и Сад“ од Морис Бланшо: „Неколку исклучителни идеи, односно појдовни точки за идеи и добар дел ломотење, да се чита брзо, не како што работат преведувачите. Она што избива од оваа книга, од друга страна, е вистински големиот Сад, љубоморен на сатаната и неговите вечни маки, во судир со природата повеќе отколку со човечкиот род“.

„Човековата судбина“ од Андре Малро.

„Комарци“ од Вилијам Фокнер: „...со предговор од Ремон Кено, од ова би повратил и ној“.

„Повторена изведба“ од Вилијам О’Фарел: „Еднаш кога ќе се помине почетокот, феноменално е“.

„Странецот“ од Албер Ками: „Обиди се да го прочиташ, мислам дека е важно“.

„Искушенијата на живеењето“
од Емил Сиоран: „Тек-тук сјајни нешта. Морам повторно да го прочитам неговото првенче“.

„628-Е8“ од Октав Мирбо: „Проклето добро дело“.