Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Француските хирурзи ја извршиле првата двојна трансплантација на лице

 
hirurg
Фото: Pixabay

Француските хирурзи морале да направат втора трансплантација на лице на истиот пациент на кој му била извршена првата трансплантација на лице, бидејќи неговото тело го отфрлило лицето.

Телото на Французинот ја отфрлило трансплантацијата што му била извршена пред една деценија. Во неверојатно ризична процедура, француските хирурзи му трансплантирале второ лице и со тоа ја извршиле првата двојна трансплантација.

Некои медицински експерти сметаат дека отфрлањето ќе биде нешто што ќе ги мачи трансплантациите сè додека тие остануваат можност за луѓето. Сепак, постои надеж. Во изјавата од француската биомедицинска агенција се вели дека повторната трансплантација е можна во случај на хронично отфрлање.

За самата трансплантација се потребни неколку недели пред лекарите што ја завршиле операцијата да можат да ја сметаат за успешна. Досега се изведени помалку од 40 трансплантации и секој случај е доста различен од последниот на кој работеле лекарите. Доколку оваа секундарна трансплантација се покаже успешна, тогаш може да им се даде на останатите пациенти надеж дека понатамошните процедури би можеле да бидат опција доколку е потребно.

Моментално Енди Санис од Америка има дневен режим на имуносупресивни лекови за да го спречи неговото тело целосно да го отфрли лицето.

За жал, не секој пациент има среќа како Санис. Досега шест лица починале по трансплантацијата. Иако се неверојатно ризични, трансплантациите на лице ги протегаат границите на медицинските техники. Исто така, тие можат да му помогнат на докторот да се насочи кон широк спектар на проблеми, а некои од нив вклучуваат несреќи, напади, генски нарушувања и други опасности.
 
Објавено на 23.01.2018 во категорија Наука
Подготвил: Тамара Гроздановски / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Наука