Оглас за вработување во Би-МЕК
Би-МЕК е ексклузивен дистрибутер на повеќе од 25 светски познати и реномирани производители на медицинска опрема меѓу кои HITACHI ALOKA (Јапонија), VARIAN (САД), CAREFUSION, BD (САД), HEINEN & LOWENSTEIN (Германија), HAMILTON MEDICAL (Швајцарија), MEDELA (Швајцарија) со традиција од 15 години и повеќе од 1.500 инсталирани апарати во Македонија. Би-МЕК нуди комплетен асортиман на медицинска апаратура од областа на дијагностика, болничко лекување и специфична опрема за барањата на многу специјалности. Приоритет ни е квалитетна услуга во согласност со меѓународните стандарди за работа со медицинска опрема. Би-МЕК континуирано вложува во развој на високо технички опремен сервисен оддел и во директна соработка со реномираните производители на медицинска опрема обезбедува интернационална обука и сертификати за својот тим.
Kако резултат на зголемени активности, имаме потреба од проширување на нашиот тим во сервисниот оддел. Во потрага сме по високо мотивирани личности спремни за тимско работење! Веруваме дека дека луѓето се нашата најголема вредност, а континуирано регрутирање, ангажирање, развивање и мотивирање на вработени е стратешка определба на компанијата.
Специјалист за техничка поддршка (Technical Support Specialist)
Потребни квалификации:
• ВСС: елект. инженер, машински инженер
• Работно искуство во одржување и сервисирање на апарати во иста или слична област
• Искуство со медицинска апаратура ќе се смета за предност
Обврски и одговорности
• Технички прием на роба при сервис, комплетна евиденција, сервисирање на апаратите инсталирани од страна на компанијата
• Инсталација, монтажа и техничка обука за нова медицинска опрема според упатствата на прозводителите
• Редовна коресподенција со добавувачи и клиенти
• Менаџирање на пропратна документација за комплетна следливост на инсталираната или сервисираната опрема
• Навремено решавање на сервисни барања на клиентите во соработка со сервисниот тим
• Следење на иновации во рамките на проблематиката поврзана со сервисирањето
• Да ги следи воспоставените стандардни оперативни процедури и добри практики во компанијата
Потребни вештини и способности:
• Одлични комуникациски способности
• Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
• Самоиницијативност и амбициозност за усовршување на знаење и вештини
• Флексибилност и способност за тимско работење
• Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови
• Активно познавање на англиски јазик
• Одлично познавање на MS Office
• Возачка дозвола Б категорија
• Способност за работа на терен
Ние нудиме:
Нашата работна атмосфера е стимулирачка, иновативна и фокусирана на клиентите. Ние им нудиме на вработените најсовремени алатки и технологии, континуирана обука и можност за напредување, работа во амбициозен и професионален тим со мoжност за посетување на обуки и стекнување на сертификати.
Ве поттикнуваме да ја започнете или продолжите својата кариера во динамичен и високопрофесионален тим со нови знаења за напредни медицински технологии и Ве повикуваме да ја испратите својата биографија и препораки најдоцна до 15.02.2018г , на следната е-маил адреса:
volnarovska@bimek.com.mk со назнака -
Специјалист за техничка поддршка
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција.