Креативен одговор на загатка од првоодделенец

Креативен одговор на загатка од првоодделенец

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Сигурно се сеќавате на загатките и гатанките со кои се среќававте во училиште. Без разлика дали се работи за дневно вежбање на умот или за игра, загатките се тука за да нè натераат да размислуваме и да гледаме на нештата различно.

фото извор: Bret Turner/Twitter
 
Како дел од умствените вежби за учениците од прво одделение, наставничката Бет Тарнер презентирала загатка на час. Еден од учениците дал одговор кој не само што е креативен туку е и смешно егзистенцијален. Се разбира, сето ова било објавено на интернет и предизвикало бура од реакции и коментари.

Ова е загатката:

„Јас сум почетокот на сè, крајот на секаде.

Јас сум почетокот на вечноста, крајот на времето и просторот.

Што сум јас?“

За да се реши загатката, потребно е да ја прочитате и на англиски јазик: „I am the beginning of everything, the end of everywhere.

I'm the beginning of eternity, the end of time and space.

What am I?“

Одговорот на загатката е буквата „е“, бидејќи на англиски  јазик „сè“, „крај“, „вечност“, започнува со таа буква, а „време“, „простор“, „секаде“ завршува со истата буква.

Загатките се дел од поп-културата. Ги има во форма на прашање, фраза или тврдење, па барањето одговори е навистина забавно.