Гимназија НОВА вработува! Се бара: Менаџер за човечки ресурси
HUMAN RESOURCES (HR) MANAGER – Менаџер за човечки ресурси
Менаџерот за човечки ресурси придонесува кон развојот на училиштето преку изработка на стратегија за човечки ресурси, со идентификација на основните потреби, имајќи ги во предвид вредностите, визијата и мисијата на училиштето. Менаџерот ги поставува правилата во човечките ресурси, кои ја развиваат соработка во училиштето, поддршката на вработените, ја помагаат продуктивност, остварувањето на поставените цели и стандарди, реализацијата на нови вработувања и развојот на постоечкиот наставен кадар, администрација и помошен персонал.
Работни задачи:
Вработување
Го организира или помага процесот на вработување преку: подготовка, разгледување и изработката на работните задачи, објавување на работното место и подготовка на интервјуата со кандидатите, подготовка на компензациски пакет, подготовка и потпишување на работни договори, организирање на сите видови проверки на информации, регистрација на ново-вработените согласно локалната легислатива/законите, како и организација на обуки. Менаџерот е одговорен и за обезбедување на работна дозвола при вработувањето на меѓународен персонал.
Комуникација
Изработка на методологија за пресметка на плати, бонуси, и друг вид на бенефиции. Подготовка на редовни и веродостојни извештаи, со препорачани следни чекори. Развој и имплементација на програми за тимска соработка и мотивација на вработените.
Управување со работата на вработените
Имплементација и супервизија на систем коишто ја оценува работата на целата администрација и помошен персонал, обезбедувајќи навремена комуникација, проверка на податоци, поддршка и развој на вработените. Поддршка на раководителите на сите оддели и понуда на соодветни обуки за нивните потреби. Анализа за потребите за разни обуки и организирање на истите, во координација со вработените.
Изработка и чување податоци
Надгледување на работата на Бизнис одделот одговорен за подготовка на плати, како и процесот на обезбедување/чување податоци соодветно на локалните законски одредби. Поддршка на процесот на подготовка на плати, бенефиции и други додатоци, како и документи за боледувања и породилни отсуства.
Образование и квалификации
• Претходно работа искуство од најмалку 5 години.
• Завршено високо образовани од областа на човечки ресурси, бизнис администрација, економија, право или слични општествени науки.
• Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик.
• Високо ниво на интегритет и доверливост.
• Способност за изработка на база на податоци и одржување на истата.
• Познавање на Македонските закони за работни односи и безбедност и здравје при работа.
Заинтересираните кандидати треба да достават мотивациско писмо, CV на англиски и потврди/дипломи за завршено образование, како и дополнителни обуки по електорнски пат на
info@nova.edu.mk. Крајниот рок за поднесување на документите е
16 февруари 2018. Одбраните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.