Практикантска работа во АрцелорМиттал

Практикантска работа во АрцелорМиттал

Стекнете со работно искуство во водечка и светка компанија за производство на челик!

Опис: АрцелорМиттал е светска водечка компанија за производство на челик, со претставништва во над 60 земји. Присутни сме на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано се стремиме да го поттикнеме развојот и напредокот на младите кадри преку практикантска програма во различни области. Праксата во одделот за односи со клиенти, набавка и логистика е со полно работно време и вклучува: анализа на податоци, изработка на дневни, неделни и месешни извештаи, следење на тековни активности, изработка на презентации и сл.

Наменето за: сите студенти од Машински, Електро и Технолошко-металуршки факултет кои имаат одлично познавање на Англиски Јазик и компјутерски вештини, познавање на Excel, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех.

Придобивки:

• 3 месечна практикантска работа со ментор
• континуиран процес на учење и развој на вештини
• покриени трошоци за превоз и храна
• професионална работна атмосфера

Како да аплицирам?


Испратете го своето CV на HRIntern.Skopje@arcelormittal.com, со назнака „Апликација за пракса – Внатрешен транспорт“, најдоцна до 23 февруари 2018.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.