Зошто нашите предци немале алергии на храна?

Зошто нашите предци немале алергии на храна?

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Дали некогаш сте се запрашале зошто нашите баби и дедовци немале алергии на храна? И зошто тоа не била честа појава како што е во денешно време?

фотоизвор: Medical News Today

Алергиите на храна се во пораст и го отежнуваат животот на оние што ги имаат. Поради алергиите, луѓето постојано внимаваат и го чуваат здравјето, а претставуваат и удар по нашиот џеб поради видовите храна што треба да се купуваат, кои најчесто се скапи. Алергиите на храна кај децата пораснале за 50% помеѓу 1997 и 2011 година.

Лекарите што вршеле истражувања на оваа тема истакнуваат дека алергијата на млеко е алергија број 1 по зачестеност во Америка. Тоа се припишува на хормоните за раст што се ставаат во вештачкото млеко за бебињата, како и на претераната употреба на антибиотици во земјоделството и во сточарството.

Преработената храна придонесува за развој на алергии на различни нивоа. Повеќето обработени намирници содржат многу вештачки бои, ароми, засилувачи на вкус, конзерванси и други адитиви. Сепак, никој не е алергичен само на боја или на емулгатор. По анализите се покажало дека прашестите додатоци што се користат за да ја зголемат хранливата вредност на производот се всушност предизвикувачите на алергиски реакции. Во зависност од комбинацијата на додатоци, се развива и типска алергија (на млеко, глутен и сл.).

Првата намирница што поминала низ ваквите процеси и промена е млекото бидејќи уште во 1994 година млечната индустрија почнала да користи генски модифициран хормон за раст за да ја зголеми количината на добиеното млеко од животните. За да спречат, губиток на грлата стока, користеле поголема количина антибиотици.

Нашите предци јаделе храна која не содржела конзерванси и не била преработувана. Оброците доаѓале директно од фармата или градината. Бебињата биле доени, а потоа се хранеле со свежо козјо или кравјо млеко. За многу болести се користела домашна пилешка супа. Нашите предци поминувале повеќе време надвор. Јаделе шумски јагоди, капини, јаболка. Не трчале кај доктор за сè. Нивната храна им била лек.

Исхраната и начинот на живот имаат големо влијание врз нашето тело. Секоја клетка од нашиот организам има потреба од правилна исхрана за правилно да функционира. Изгледа дека алергиите на храна можат да бидат непредвидливи и последица на многу фактори од животната средина, а со нив не се соочувале нашите предци. Експертите предупредуваат дека е време да се запрашаме како ќе изгледа иднината на исхраната. Бидејќи од неа зависи и нашата иднина.