Илон Маск не застанува: Нови планови на „Спејс Екс“ за 2018 година

Илон Маск не застанува: Нови планови на „Спејс Екс“ за 2018 година

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

маск

По успешното лансирање на ракетата „Фалкон Хеви“ и автомобилот „тесла“ што моментално лебди во вселената, многумина се прашуваат што е следно за „Спејс Екс“, односно што планира Илон Маск?

Следното лансирање на „Фалкон Хеви“ ќе се реализира за три до шест месеци, а лансирањето зависи од две работи - брзината со која компанијата може да го произведе средниот дел на ракетата и побарувачката на корисниците.

Неколку лансирања се закажани за 2018 година, а некои од нив се лансирањето на комуникацискиот сателит „Саудиска Арабија“ и тестирање на превозот на товар за американската војска. Фактот дека „Фалкон Хеви“ може да лансира товар директно до Плутон и потаму, дури и без застанување, е неверојатен.

„Најдоброто нешто е што ја подига скалата и го пренесува товарот. Може да лансира двојно поголем товар од сите други ракети во светот. Може да стигне до Плутон и понатаму, без застанување“, истакнува Маск.

Во меѓувреме, компанијата исто така ќе работи на решавање проблеми околу слетувањето на третата ракета. Маск вели дека треба да се поправат најмалку две од три јадра на секое летало, додека закрепнувањето на сите три би било идеално. Вели дека „Спејс Екс“ има одличен увид во тоа што се случило со третото летало. На ракетите им се потребни три до девет мотори за слетување, а се запалил само еден. Ќе започнат од тој проблем.

Следната ракета „Фалкон Хеви“ нема да користи ниту еден од главните делови што го преживеале летот. Тоа значи дека наредното лансирање ќе има целосно ново централно јадро.

маск
Фото: Epa

Маск истакна дека се надева дека првиот лет на „Фалкон Хеви“ ќе ја инспирира конкуренцијата за да започне меѓународен натпревар.

„Мислам дека ќе ги охрабри другите земји и компании да докажат дека се подобри и поголеми. Сакаме нова трка во вселената. Трките се возбудливи!“, вели Маск.

„Спејс Екс“ планира да превезува и луѓе во вселенски брод кој би се наоѓал на врвот на „Фалкон 9“, а еднаш Маск изјавил дека сите ресурси ќе ги вложи токму во овој проект, поточно создавање на „Биг Фалкон Хеви“. Засега Маск предвидува дека тестовите за нова ракета ќе започнат следната година во Браунсвил, Тексас, и дека за три-четири години ќе може да се лансираат тест-летовите околу Земјата.

Кога станува збор за „Спејс Екс“, едно е сигурно - некои, а можеби и сите планови на Илон Маск ќе се променат.