Оглас за вработување во ЛУКОИЛ Македонија
ЈАВЕН ОГЛАС
Врз основа на Член 22 од Законот за работни односи (Службен весник на Република Македонија бр. 74/2015), Друштвото за трговија со нафтени деривати и услуги ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје на ден 09. 02. 2018 година објавува оглас за пополнување на работното место
„Главен специјалист за големопродажба на нафтени деривати" на определено време.
Услови:
Високо образование (Економски, Машински, Технолошки факултет со познавање на проблематиката за трговија на нафтени деривати);
Работно искуство минимум 3 години во трговија на нафтени деривати;
Активно познавање на англиски јазик и пожелно руски јазик;
Познавање и работа на компјутер (MICROSOFT OFFICE i Internet).
Потребно познавање на сл. работни вештини:
Искуство во продажба на нафтени деривати
Развој на клиентска база
Комерцијално работење
Познавање на законска регулатива во комерцијално работење
Подготовка на тендерска документација
Заинтересираните кандидати до конкурсната комисија треба да ги достават следните документи:
Молба за учество на огласот до претседателот на конкурсната комисија;
Биографија (CV);
Копија од уверение или диплома за завршено високо образование;
Копија од уверенија, сертификати за положени дополнителни курсеви;
Препораки од фирмите во кои претходно работел/а;
1 фотографија 3x4 см.
Документите за учество на огласот ќе се примаат лично од кандидатите во тек на 10 (десет) дена од денот на објавувањето на овој оглас, на следната адреса:
Бул. „Партизански одреди" бр. 18 1000 Скопје Со назнака (За конкурс за „Главен специјалист за големопродажба на нафтени деривати"