Најдобрите фотографии снимени со дрон во 2017 година

Најдобрите фотографии снимени со дрон во 2017 година

Подготвил: Тамара Гроздановски

дрон

Достапноста на дроновите драматично го промени светот на фотографиите и стана дисциплина што опфаќа голем број љубители на фотографијата, но и на дроновите. „Дронстаграм“, моментално најпопуларниот онлајн-сервис на кој се споделуваат фотографии исклучиво направени со дрон, четврта година по ред донесува победници од овој престижен меѓународен натпревар на кој креативноста и квалитетот на фотографиите се оценети од тим на експерти, вклучувајќи ги и оние од „Нешнл џиографик“. Меѓу илјадниците фотографии постигнати на натпреварот, жирито избра 20 најдобри за 2017 година.