Нешта што не ги знаевте за домаќинот на ЗОИ

Нешта што не ги знаевте за домаќинот на ЗОИ

Подготвил: Б.Б.


Логото на Олимписките игри
(Фото: Pixabay)


Зимските олимписки игри само што почнаа, а ние ви донесуваме неколку помалку познати интересни работи за нивниот домаќин – градот Пјонгчанг во Јужна Кореја.

1. Пјонгчанг е јужнокорејски град и округ во провинцијата Гангвон. Планинскиот синџир Таебаек се протега низ 84 процепи од територијата со просечна надморска висина од 750 метри.

2. Округот Пјонгчанг е дом на будистичкиот храм Волџонгс, кој го основал свештеникот Јајанг во 643 година. Поточно, храмот е лоциран на источните падини на Одесан.

3. Според пописот на население од 2008 година, во градот живеат малку повеќе од 43.000 жители.

4. Се работи за многу изолирано подрачје во кое требаше да се изгради дополнителна инфраструктура за Пјонгчанг да стане домаќин на ЗОИ 2018. На пример, воведени се брзи возови кои го поврзаа округот со престолнината Сеул, која се наоѓа на 180 километри оддалеченост. Во главниот град на Јужна Кореја со новите линии може да се стигне за помалку од еден час.

5. Округот има два големи ски-ресорти: Алпенси и Џонгпјонг, каде што ќе се одржуваат повеќето натпревари на Зимските олимписки и Зимските параолимписки игри.

6. За потребите на отворањето и затворањето на ЗОИ и Зимските параолимписки игри е изграден стадион без покрив, за што се потрошени 109 милиони американски долари. Со оглед што тоа подрачје нема потреба од таква градба, се претпоставува дека стадионот ќе биде срушен или напуштен по завршувањето на Игрите.

7. Пјонгчанг веќе двапати се кандидираше за Зимски олимписки игри. Првиот пат загуби од Ванкувер во 2010 година, а потоа и од Сочи во 2014 година.

8. Пјонгчанг често го мешаат со главниот град на Северна Кореја – Пјонгјанг. Токму затоа е покрената голема медиумска кампања за да може светот да ја препознае разликата помеѓу овие две места.

9. Пјонгчанг е првиот јужнокорејски домаќин на ЗОИ. Пред триесет години во Сеул се одржаа ЛОИ.

10. Маскота на годинашниве Зимски олимписки игри е корејскиот бел тигар Сухоранг. Белите тигри се загрозен вид животни во Јужна Кореја.