Врз основа на член 132 и 183 од Законот за хартии од вредност, („Спужбен весник ка Република Македонија" бр. 95/2005, 25/2007, 7/2008, 57/2010, 135/2011, 13/2013, 168/2013, 43/2014, 15/2015,
154/2015, 192/2015 и 23/2016), Владата на Република Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на пет комисионери (членови) од кои еден е претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија
1) Претседателот и комисионерите на Комисијата за хартии од вредност на Републнка Македонија ги избира и разрешува Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република
Македонија.
2) Комисијата е соотавена од пет комисионери (членови) од кои еден е претседател.
3) Мандатот на комисионерите (чпеновите) е пет години, со можност за реизбор,
4) Двајца комисионери (членови) професионално ја вршат својата функција во Комисијата, a тројца се надворешни комисионери (членови) на Комисијата кои се ангажираат за вршење на работи во
Комисијата, за што им следува надоместок.
5) Надворешните комисионери (членови) имаат право на месечен надоместок кој го утврдува Комисијата.
6) Во однос на остварувањето на правата, обврските и одговорностите од работен однрс на претседателот и комисионерите (членовите) на Комисијата се применува Законот за работни односи.
7) Комнсионерите (членови) кои лрофесионално ја вршат сврјата функција во Комисијата се со полно работно време и не може да имаат друга функција и да бидат вработени на друго место или да
добиваат друг надоместок освен ллатата како комисионери (членови) и надоместоци од повремени едукативни и авторски хонорари,
8) за претседател односно комисионер (член) може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови и тоа:
да е државјании на Република Македонија;
- да има уверение за завршено високо образование;
- да е експерт од областа на финансиите и деловното лраво;
- поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) {Cambridge English; Legal) најмалку Б2 (В2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambriclge English: First) положен или БУЛАТС {BULATS)
- има положено психолошки тест и тест за интегритет;
- има најмалку пет години работно искуство во областа на финансиите или деловнотр право;
- не е член на органи на политичка партија;
- не е член на управен одбор или надзорен одбор или одбор на директори на правно лице над кое контрола врши Комисијата, односно супервизија врши Народната банка на Република Македонија
- не е акционер со над 5% учество во акциите со право на глас во акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25% од иададените акции на кое било друго акционерско друштво;
- не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа;
- не е осудуван за кривично дело во период од пет години пред изборот за комисионер и
- не е осуден за кривично дело предизвикување стечај на правно лице.
9) Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација;
- кратка биографија;
- уверение за државјанство;
- диплома за завршено високо образование:
- потврда дека е експерт од областа на финансиите и деловното право;
- меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години; ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (lELTS) најмалку 6 бода, ИЛЕЦ
(Cambridge English: Legal) најмалку Б2 (Б2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English; First) положен, БУЛАТС (BULATS) најмалку 60 бода
- доказ за положен психолошки тест и тест за интегритет;
- доказ дека има најмалку пет години работно искуство во областа на финансиите или деловното право;
- доказ дека не е член на органи на политичка лартаја;
- доказ дека не е член на управен одбор ипи надзорен одбор или одбор на директори на правно лице над кое контрола врши Kомисијата, односно супервизија врши Народна банка на Р.
Македонија;
- доказ дека не е акционер со над 5% учество во акциите со право на глас врз акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25% од издадените акции на кое било друго акционерско
друштво;
- доказ дека не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната улрава;
- доказ дека не е осудуван за кривично дело во период од пет години пред изборот за комисионер и
- доказ дека не е осуден за кривично дело предизвикување стечај на правно лице.
10) Документите од точка 9 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Македонија или по пошта на адреса:
Влада на Република Македонија Бул. „Илинден" бр. 2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на претседател и комисионери (членови) на Комисијата за хартии од вредност на
Релублика Македонија"
11) Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници, заклучно со 16 февруари 2018 година.
12) Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аллицирање нема да биде разгледувана.