Вработување во АД Електрани на Македонија! Отворени се 2 (две) работни места

Вработување во АД Електрани на Македонија! Отворени се 2 (две) работни места

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник наРМ бр. 167/201 5, 27/2016) и член 5, 1, 8 и 9 од Колективниот договор на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост Скопје, a во врска со Одлуката за потреба од засновање наработен однос бр. 04790/1 од 09. 02. 2018 година

АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА - СКОПЈЕ
објавува ЈАВЕН ОГЛАС
За потреба од засновање на работен однос во Подружница ХЕЦ Црн Дрим Струга, АД EЛEM Скопје, за извршување на работи на неопределено време, за следните работни места:

- 1 (еден) извршител на работно место „Одговорен за магацин" во Одделението за комерцијални работи, во Служба за финансиски и комерцијални работи.
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: III/IV степен, Средно училиште;
Паричниот износ на основната плата е 26. 981 денари.

- 1 (еден) извршител на работно место „Општ работник" во ХЕ ШпилјеДебар, во Служба за производство на електрична енергија.
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: I степен, Основно училиште.
Паричниот износ на основната плата е 16. 988 денари.

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 07:00 до 15:00 часот.

Огласот трае пет работни дена од денот на огласувањето.

Со пријавата (своерачна пријава) во која се наведува за кое работно место се конкурира, кандидатите да достават:
- Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);
- Уверение за државјанство (копија);
- Кратка биографија на македонски јазик;
- Контакт телефон

Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето.
Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување.

Пријавата со потребните документи, од која се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса:
АД Електрани на Македонија - Скопје, Дирекција ул. 11 Октомври, бр. 9, Скопје (со ознака „за јавен оглас")