Зошто владите ги игнорираат научните совети за употребата на дрогата?

Зошто владите ги игнорираат научните совети за употребата на дрогата?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

vlada
Фото: Shutterstock

Дејвид Нат, заедно со многу други водечки научници, пред неколку години објавил истражување во кое се покажало дека вкупната штета поврзана со некои легални супстанции, како алкохол и цигари, драматично ја надминува штетата предизвикана од нелегална дрога, како што се канабис, екстази и ЛСД - па дури и штетата предизвикана од хероин и кокаин.

Се разбира, овие врвни научници се во право, но политичарите продолжуваат да ги игнорираат научните совети, а општеството продолжува во голема мера да работи во корист на моменталните закони.

Три факти го објаснуваат овој парадокс:

1. Капитализам и класа


Ноам Чомски, американскиот социјален критичар и политички активист, понуди интересни аргументи за објаснување на тоа како капитализмот и класата го обликуваат правниот статус на дрогата.

На пример, канабисот е растение што лесно може да се одгледува во нечиј двор, па затоа не е лесно да се комерцијализира за профит. Тутунот, од друга страна, има потреба од индустриските технологии и оттука е соодветен производ за комерцијализација.

Слично на тоа, висококвалитетните алкохолни пијалаци - одличното вино или добро шише виски, не се лесни за создавање како што е канабисот или магичната печурка.

Политиките за дрогата можат лесно да се искористат како алатка за „социјално чистење“. Владите ги забрануваат лековите што се поврзани со посиромашни луѓе, како што е канабисот. Ова ќе ја исполни заедничката цел на елитите за селективно изолирање на пониските класи. На пример, за владите, сиромашните луѓе се непријатност, а забраната на дроги како канабисот може да обезбеди правен изговор да се ослободат од нив.

За време на забраната на алкохолот во Америка во 20-тите години владата направила исклучок за вискито, што е поскап алкохолен пијалак, а можело да се купи со лекарски рецепт.

Ова обезбедило дека оние што биле сиромашни би можеле да бидат затворени за пиење алкохол, додека елитата легално можела да добие алкохол кога сака.

2. Лошо сфаќање на ризикот

Претеруваме на непосредни закани и реагираме несоодветно на долгорочни опасности. Ова е добро познат феномен опишан од психологот Даниел Гилберт од Универзитетот „Харвард“.

Едно лице ќе забележи дека ризикот од 14 отсто за развивање рак на белите дробови од тутунот е понизок од 0,01 отсто шанса за непосредна смрт од преголема доза екстази.

Но статистички гледано постојат повеќе од илјада пати поголеми шанси да умрете од употреба на тутун отколку кога консумирате екстази.

Оваа човечка несигурност во согледувањето на долгорочните ризици се открива во нашите ставови кон претстојната пропаст од климатските промени. Бидејќи најсериозните последици од глобалното затоплување се децении оддалечени, многу луѓе се апатични кон заканата за уништување на човечката раса.

3. Збунетост помеѓу ефектот и токсичноста


Лесно можеме да заклучиме дека колку е поочигледен психолошкиот ефект на дрогата, толку е поголем ризикот за здравјето.

Сме еволуирале милиони години и лошо е да ги поврзуваме ненадејните и психолошките промени со стравот. Невообичаените ментални состојби имаат еволутивна функција: тие предупредуваат дека нешто не е сосема во ред.

Ефектите од алкохолот и тутунот се многу суптилни и постепени во споредба со ЛСД. ЛСД е едно од најбезбедните психоактивни соединенија, а сепак ефектите се длабоки и интензивни. Меѓутоа, тешко е да се сфати дека екстремната ментална трансформација предизвикана од ЛСД е независна од нејзиниот ефект врз вашето здравје.