Хорор-филмови инспирирани од урбани легенди

Хорор-филмови инспирирани од урбани легенди

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Страшните хорор-приказни често се инспирирани од урбани легенди и тоа со добра причина – ништо не е пострашно од приказна-фантазија која ви дава чувство дека е можно да се оствари. Ова се филмови што се пример за тоа:


1. „Channel Zero“

Се работи за хорор-серија во која навистина има мрачни моменти, а се заснова на страшните приказни што кружат на интернет - „Creepypasta“.



2. „ABCs of Death“

Борба помеѓу човекот и пајакот. Не се препорачува да го гледаат овој филм оние што имаат фобија од пајаци.



3. „The Tag-Along“

Можеби сте го гледале филмот „Малото девојче во црвено“ – мистериозната фигура која била забележана во 1998 година на семејно видео од одмор, која се движи зад некое лице што умира набрзо по завршувањето на патувањето. Во „The Tag-Along“, млад човек ја бара својата баба, која исчезнала, но нејзиното присуство се чувствува во домот. Тој открива видео во кое неговата баба е следена од девојче во црвено.



4. „Nightmares“

Хорор од 1983 година кој содржи 4 сегменти и сите се инспирирани од урбани легенди: убиец на задното седиште, детето кое е заглавено во неговата омилена видеоигра, свештеник кој се бори со сатаната и домаќинка која се соочува со голем проблем со стаорци во домот.



5 и 6. „Black Christmas and When a Stranger Calls“

Двата филма се варијација на урбаната легенда за „бејбиситерот и човекот на горниот кат“. Приказната потекнува уште од 70-тите години, но е направен римејк на двата филма во 2006 година. Телефонски повик од непознат човек кој е всушност во самата куќа секогаш е морничава приказна.



7. „Hold Your Breath“

Чуден филм чиј контекст подразбира осмелување за вдишување и издишување во погрешен момент, бидејќи тоа може да ги привлече злобните неуморни духови.



8. „Alligator“

Приказна за малиот алигатор кој поминува 12 години на отпад и се храни со остатоци од нелегални медицински експерименти. Потоа се трансформира во мутант кој е опасен за средината.



9. „The Hitcher“

Една од најпознатите приказни за автостоперот кој исчезнува. Овој трилер од 1986 година доби и римејк во 2007.



10. „The Burning“

Кропси е слична појава на бабарога која ги плашела децата во Њујорк во 80-тите години. Документарен филм од 2009 година го истражувал потеклото на оваа урбана легенда и се откриени низа страшни факти кои се позастрашувачки отколку самиот филм „The Burning“.



11. „The Mothman Prophecies“

Неверојатна приказна за чудното суштество Мотман кое се смета дека се појавило пред рушење на мостот „Силвер бриџ“. Не е познато дали тоа суштество навистина постои и се појавило за да го предупреди локалното население за рушењето на мостот кога загинале 46 лица, но уште е предмет на фасцинација.



12. „Urban Legend“

Убиец на задното седиште, мртов цимер и уште многу други карактеристични морничави моменти се дел од овој филм.



13. „Candyman“

Еден од најстрашните филмови што некогаш биле направени за оваа урбана легенда. Филмот е направен во 1992 година и ја раскажува приказната за појавувањето на „Candyman“, убиецот кој некогаш бил просперитетен Афроамериканец, а бил убиен од расистичка љубоморна толпа.