Оглас за вработување во Стопанска банка АД-Скопје

Оглас за вработување во Стопанска банка АД-Скопје

Инженер за технички прашања - Дирекција за проценки и техничка поддршка (1 работно место)

Изработува идејни технички решенијa за адaптација на деловни простории и друг имот на Банката; технички решенијa за одржување на имот но Банката; предмет пресметка со проценка на трошоци; техничка евалуација на понуди; организација на изведба на градежно занаетчиски работи; прегледува и потпишува градежна книга и завршно ситуација; Учествува во: изготвување на комплетни технички проекти со надворешни соработници и проекти кои ги раководи Националнота Банка на Грција. Врши координација на надворешно ангажирани соработници, изведувачи, проектанти надзор. Учествува во подготовка на тендерска документација и во подготовка на одлуки за реализација на проектите. Ја комплетира и подредува целокулната техничка документација.

Кандидатот треба да ги исполнува следниве квалификации:
Дипломиран градежен инженер, или архитект
Со или без работно искуство во областа
Активно познавање но англиски јазик
Познавање на работа со компјутери
Возачка дозвола од Б категорија

Лични карактеристики:
Диномична личност со способност за преземање на иницијативи
Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
Одлични организациски и комуникациски вештини
Прецизност, точност и аналитичен пристоп во работењето
Висок личен интегритет, деловен и професионaлен однос
Банкaтa обезбедува основна плата со месечен нето износ од 25. 000 МКД,

Рaботното време е 8 чaса дневно или 40 часа неделно. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлука на Банката. Банката нуди динамична квалитетна и пријатна работна средина, дополнителни обуки и можности за стручно усовршување и професионален напредок за своите вработени

Ве молиме да ја пополните апликацијатa на интернет страницата нa Банката или Вашето CV (кратка биографија на македонски или англиски јазик да доставите во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври бр.7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 19.12.2018 година.

Лице за контакт: Даниела Радевска тел. 02/3295 277.

Банката ќе изврши избор во законски рок, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју