Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Првиот олимпиец што ќе биде платен во криптовалути

 
Владите низ светот сè уште се обидуваат да сфатат што да прават со криптовалутите. Ова е актуелна тема во последниот период, а уште поинтересно е тоа што на самиот почеток на ЗОИ беше најавено дека спортист од Канада ќе биде исплатен во криптовалути.

фотоизвор: YouTube

Канадскиот лизгач Тед Џен Блоемен потпишал едногодишен договор за спонзорство со социјална мрежа за криптовалути. Традиционално, спортистите на олимпијадите добиваат пари за својот настап, како и договор за спонзорство, но ова е прв ваков договор.

Спортистот објаснил дека смета оти нема ризик да не добие ништо. Вели дека овој вид спонзорство е забавно бидејќи си помагаат едни на други – тој ќе ѝ помогне на компанијата што го спонзорира да се истакне и да успее, а ќе добие придобивки за себе, што е успех за сите.

Нивното партнерство ќе го доближи спортот до корисниците на виртуелната реалност во светот. Инаку, Тед е роден во Холандија, но се натпреварува за Канада, а на последните светски шампионати има освоено 4 медали.
 
Објавено на 13.02.2018 во категорија Технологија
Подготвил: М.П. / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Технологија