Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Марвеловиот „Црниот пантер“ (Black Panther) ни пристигнува во Cineplexx

 
По настаните од „Капетан Америка: Граѓанска војна“, кралот Т'Чала се враќа дома во изолираната и технолошки напредна африканска нација Ваканда за да служи како нов лидер на неговата земја. Сепак, Т'Чала наскоро дознава дека е предизвикан на борба за тронот од одредени фракции во неговата сопствена земја. Кога двајца непријатели прават заговор за уништување на Ваканда, херојот познат како Црниот Пантер мора да ги здружи силите со агентот на ЦИА Еверет К. Рос и членовите од Дора Милаје, специјалните сили на Ваканда, за да ја оттргнат Ваканда од граѓанска војна.



Психолошкиот трилер „Берлински Синдром“, на режисерката Кејт Шортланд, е базиран на истоимениот роман на писателката Мелану Џустен, од 2011 година, кој го поврзува стокхолмскиот синдром како психолошки поим со главниот град на Германија- Берлин.

Овој интензивно клаустрофобичен филм дава потполно нов поглед на темата која е многупати обработувана, и тоа го прави извонредно. За разлика од многуте филмови со иста тематика, „Берлински Синдром“ го става психолошкиот профил на жртвата во центарот на вниманието. Секој апект на филмот - режија, глума, камера, монтажа, музика и сценографија, го прават еден од најинтересните за оваа година. Главните актери, Тереза Палмер и Макс Римелт, се брилијантни во своите улоги, а режисерката експлицитно и детално го прикажува деградирањето на личноста на Клер и нејзината необична психолошка промена во заложништво.


„Уживав во толкувањето на ликот на Клер и истражувањето на нејзините несовршености, нејзината темна страна, и на крајот нејзиното откривање на самата себе. Никогаш немав играно толку повлечена и затворена личност, така што за мене ова беше голем предизвик“, објаснува Палмер.

„На Берлински Синдром можеме да гледаме како на чудна љубовна приказна во која се мешаат фантазијата, страста и авантурата, и која на крајот се претвора во хорор. Ја откриваме психолошката длабочина на главниот лик Енди, кој ја воведува публиката во трагичната врска меѓу него и Клер“, ни открива германскиот актер Макс Римелт.

Сите кои го сакаат познатиот краткометражен филм „Малиот Влекач", ќе уживаат и во долгометражното остварување „Малиот Брод: Спасител", кој на 15 февруари пристигнува во Cineplexx. „Малиот Брод: Спасител" е оригинална норвешка приказна за малото бродче спасител од едно приморско градче кој е унапреден во главен спасувачки брод во големото пристаниште, и кој го спасува светот со помош на неговите стари пријатели. Филмот е базиран на детската книга „Елијас: Малиот брод спасител", која е објавена во 1999. година во Норвешка.



Овој анимиран филм е одличен за целото семејство, особено за најмладата публика бидејќи е синхронизиран на македонски јазик и ни носи универзална порака наменета за сите генерации.
 
Објавено на 14.02.2018 во категорија Култура
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook