Почина Абдилаќим Адеми -  поранешниот министер за образование и наука

Почина Абдилаќим Адеми - поранешниот министер за образование и наука



По тешко боледување синоќа почина Абдилаќим Адеми, поранешниот министер за образование. Роден е на 20 декември 1969 година во Шемшево –Тетово.

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО


2014-2016
Министер за образование и наука

2011-2014
Министер за животна средина и просторно планирање

2008-2011
Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

2007-2008
ЈП „Геоинженеринг“ – Тетово

2006-2007

Член на Бордот на директори во АД „ГА-МА“ – Скопје.

2004-2006
Асистент во Државниот универзитет во Тетово, предмет „Анализа на градежни материјали“.

2002 - 2006
Пратеник во Собранието на Република Македонија
; Комисија за економски прашања – претседател на Комисијата;
Комитет за односи меѓу заедниците – член на Комитетот;
Комисија за финансирање и буџет – член на Комисијата;
Комисија за транспорт, врски и екологија – член на Комисијата.


ОБРАЗОВАНИЕ
Постдипломски студии: Универзитет во Приштина, насока: „Анализа и употреба на материјали“, заеднички проект со Техничкиот универзитет – Фреиберг, Германија. Тема: „Анализа на пепелот на ТЕЦ „Осломеј’“, за употреба на производство на цемент“.

1996
Дипломиран инженер по металургија, Политекнички факултет - Тирана.
Средно: Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ - Тетово, Математика – Информатика.
Основно: „Даме Груев“ – Шемшово.