Научниците успеале да ја намалат појавата на Алцхајмерова болест кај глувци

Научниците успеале да ја намалат појавата на Алцхајмерова болест кај глувци

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Истражувачите успеале да го сменат формирањето на амилоидните наслојки, кои постепено уништуваат неврони кај пациентите со Алцхајмерова болест. Научниците го направиле тоа во мозоците на глувци, целосно менувајќи ја состојбата.


Освен намалувањето на наслојките кои ја оштетуваат комуникацијата помеѓу мозочните клетки, глувците исто така искусиле когнитивно подобрување. Научниците го постигнале тоа преку осиромашување на ензимот кој игра улога во формацијата на наслојките, познат како „BACE1“.

Еден од најконкретните начини на кој Алцхајмеровата болест е идентификувана кај пациент е преку абнормално создавање на бета-амилоид пептид, протеин кој може да се создаде во големите амилоидни наслојки во мозокот кои се знак за неизлечивата болест. „BACE1“ помага во производството на бета-амилоид пептидот, па инхибирањето на ензимот со лекови може да ја отвори вратата до ефективно третирање на Алцхајмеровата болест.

Истражувачите ја тестирале хипотезата преку експерименти на група глувци кои го губат ензимот „BACE1“ како што стареат. Откриле дека глувците на кои им недостигал ензимот  страдаат од одредени невролошки дефекти, додека оние што престанале да го произведуваат низ времето останале здрави. Научниците откриле дека како што амилоидните наслојки започнувале да се создаваат во мозокот кај потомците, исто така и исчезнувале како што глувците прогресивно го губеле ензимот.

Авторите на студијата објасниле дека експериментот сепак бил спроведен само на глувци, па нема гаранција дека ќе има исти резултати и кај луѓето. Дополнително, ензимот „BACE1“ има улога во многу важни процеси во телото, а лековите што прогресивно го уништуваат може да донесат сериозни последици. Овој експеримент е само прв чекор во изнаоѓањето начини за третирање на болеста.