Дали сте попаметни од гулаб?

Дали сте попаметни од гулаб?

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Пред да одговорите потврдно, обрнете внимание на следните 3 сценарија. И запомнете, интелигенцијата е релативна работа, како што вели психологот Бен Амбриџ.


Што е она што луѓето ги прави поинакви од животните? По спроведувањето многубројни студии може да се заклучи дека и нема многу големи разлики. Дали животните можат да го научат јазикот на луѓето е дебата на која се дискутира многу долго, но сепак можат да научат импресивен број зборови. Никој не одрекува дека луѓето можат да направат многу работи што животните не можат, но јасно е и дека имаме многу заеднички карактеристики.

Сценарио 1: Премногу телефони!

Сте заштедиле пари за нов телефон, а сте морале многу напорно да работите за тоа на работна позиција што ја мразите, но се исплати. Го нарачувате телефонот онлајн и тој пристигнува едно утро. Попладнето пристигнува уште еден идентичен телефон. Ја контактирате компанијата и откако чекате долго време, ви одговараат дека системот не може да процесира враќање на предмет и ќе им направите услуга ако го задржите телефонот. Се согласувате и решавате да го почестите вашиот брат, чиј роденден е наскоро, а тој и нема некој добар телефон во моментот. Но, кој телефон ќе му го дадете?

А. Првиот
Б. Вториот

Сценарио 2: Музички бендови

Пред 3 месеци сте купиле скап билет од 190 долари за да гледате концерт на еден од вашите омилени бендови. Вчера, вашиот најомилен бенд најавил нова турнеја и купувате билет од 125 долари. Така возбудени, не сте ги провериле датумите и гледате дека датумот е ист за двата концерта. Не можете да ги продадете билетите бидејќи и двата бенда се уникатни и нивните концерти никогаш не се распродадени целосно, а и луѓето што ги знаете не ги сакаат. На кој концерт ќе одите?

А. Оној со билет од 190 долари
Б. Оној со билет од 125 долари

Сценарио 3: Шолји за кафе

Сакате да купите повеќе интересни шолји за кафе. Одите во маркет. Еден продавач ви нуди кутија со 20 шолји, иако на две им недостигаат рачки и се валкани, а друг продавач ви нуди кутија со 12 недопрени шолји за истата цена. Не можете да ги купите и двете бидејќи ако еден од продавачите види дека купувате кај другиот, нема да ви ги продаде неговите. Од кого ги купувате шолјите за кафе?

А. Првиот продавач
Б. Вториот продавач

Одговор 1 – сценарио 1

Нема правилни или погрешни одговори, целата поента е дека нема разлика. Но, ако се случело ова навистина, најверојатно на вашиот брат би му го дале вториот телефон. Тоа е доказ дека ги вреднувате многу повеќе работите за кои напорно сте работеле отколку работите што се добиени бесплатно, иако се работи за ист производ. Но, во овој случај, ако се размисли логично, нема никаква разлика кој телефон ќе го задржите, а кој ќе го подарите.

Гулабите така размислуваат. Земете ги за пример оние што се тренирани да знаат како изгледа црвен и зелен клуч и им се даваат 2 секунди пристап до жито за колвање. За да пристапи до црвениот, треба еднаш да колвне на бел клуч, но за да пристапи до зелениот, треба 20 пати да го колва белиот. Така, ним им е даден слободен избор без потреба од колвање на белиот клуч воопшто. Тие повторно го избираат клучот за кој се потрудиле повеќе за да го добијат.

Одговор 2 – сценарио 2

Тука има точен одговор. Треба да одите и да го гледате омилениот бенд. Минатото е завршено, а вие треба да си одите на концертот што го преферирате.

Гулабите исто се однесуваат. За да добие храна како награда и да може да си заштеди труд, гулабот ќе се држи до онаа страна каде што ќе се помачи, но сигурно ќе знае дека задоволството го чека.

Одговор 3 – сценарио 3

Првиот продавач нуди 20 шолји, а вториот 12 за иста цена. Би биле луди ако одите со втората понуда. Но, ако е така, покажувате дека мислите оти добивате поголема вредност и квалитет, но тоа е сепак заблуда. Помалку не е повеќе. Повеќе е повеќе.

Кога на гулаб му се дава избор помеѓу грашок и грашок со дополнително зрно жито, тој го избира грашокот. Слично, кучињата би избрале парче кашкавал пред кашкавал и бонус парче морков.

Поентата на овие сценарија е да покажат дека и гулабите ја имаат истата заблуда во логиката како и луѓето. Зошто ги споделуваме овие заблуди, никој не знае, но се смета дека ако животните ѝ даваат поголема вредност на храната отколку на работата што треба да ја вложат за да ја добијат, тогаш тие се мотивираат да издржат повеќе кога трагаат по храна. Ако и вие размислувате така, тогаш Дарвин бил во право: кога се работи за разликите помеѓу луѓето и другите животни, сè е релативно: сите сме дел од едно големо семејство.