Луѓето со Алцхајмерова болест често се борат со параноја и делузии - експертите сега имаат лек за тоа

Луѓето со Алцхајмерова болест често се борат со параноја и делузии - експертите сега имаат лек за тоа

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

алцхајмер
Фото: Wikimedia

Пимавансерин е антипсихотик што ги ублажува симптомите на параноја и делузии така што блокира специфичен нерв во мозокот. Најважно е дека лекот не создава несакани ефекти, како што предизвикуваат други слични лекови што го забрзуваат влошувањето на функциите на мозокот. Употребата на таквите лекови во Велика Британија предизвикала 16.660 непотребни мозочни удари и 1.800 непотребни смртни случаи во период од една година.

Научниците од медицинското училиште при Универзитетот „Егзетер“ го тестирале пимавансеринот врз 1.800 пациенти со психоза предизвикана од Алцхајмерова болест. Професорот Клајв Балард, кој го предводел истражувањето, вели дека психозата е застрашувачки симптом на Алцхајмеровата болест. Луѓето може да чувствуваат параноја или да ја гледаат, па дури и да мирисаат работи што не се наоѓаат околу нив. Тешко е за оние што имаат илузии и заблуди и за оние што се грижат за пациентот.

Големо клиничко тестирање

Особено охрабрува тоа што најголема корист од овој лек е забележана кај пациенти со најтешки психотични симптоми, бидејќи на таквите луѓе најчесто им се даваат моќни антипсихотични лекови. Тоа се ранливи, кревки стари лица кои имаат тешки симптоми и кои земаат антипсихотици иако за нив се знае дека предизвикуваат големи здравствени проблеми, па дури и смрт кај луѓе што патат од деменција, а даваат малку корист.

Способноста на пимавансеринот за намалување на симптоми кај деменцијата сега ќе се испитува во големо клиничко тестирање во Америка.