Оглас за вработување во Основниот суд Скопје II - Скопје

Оглас за вработување во Основниот суд Скопје II - Скопје

Врз основа на член 23 од Законот за работните односи, член 18 став 1 алинеја 2 и став 6 од Законот за судска служба, како и член 17 од Правилникот за систематизација на работните места во Основниот суд Скопје II - Скопје,
ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ II - СКОПЈЕ
објавува

ЈАВЕН ОГЛ АС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 2/1 8
на две (2) лица на определено време за работно место:

1 Советникинформатичар - категорија В1, 2 (два) извршител/и;

Посебни услови
Стручни квалификации: 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен факултетод областа на информатиката или друг факултет од соодветна област.
Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.201 8 година.

Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места, кандидатот треба да ги исполнува и следниве општи услови кои се предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба:

- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правасилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Кандидатите се должни да поднесат молба за вработување и докази за исполнување на опиитите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.

Молбата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, емеил адреса и контакт телефон.
Рокот за поднесување на молбите и доказите изнесува осум (8) работни дена од денот на објавувањето на огласот.
Пополнетите молби и докази кандидатите се должни да ги достават во Основниот суд Скопје II - Скопје, на одделението за прием секој работен ден или по пошта на адреса: ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ II - СКОПЈЕ бул. Гоце Делчев бр. 4, 1000 Скопје (со назнака за Јавен оглас за вработување - 2/18).
Ненавремените, нецелосно пополнети, неуредни и некомплетни молби нема да се разгледуваат.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.
ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ II - СКОПЈЕ