Совети за подолг живот на вашиот Андроид-уред?

Совети за подолг живот на вашиот Андроид-уред?

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


Андроид смартфон покрај лаптоп
(Фото: Pixabay)


Иако паметните телефони се скапи „играчки“ кои зафаќаат важен дел од нашиот живот, често не водиме доволно грижа за нив. Еве неколку совети што да се избегнува кога се работи за уреди со оперативен систем „Андроид“:

1.    Не оставајте го мобилниот телефон отклучен


Колку повеќе го користиме смартфонот, толку ќе биде поголема потенцијалната штета ако уредот стигне во туѓи раце. Наједноставниот начин за да ги заштитите вашите фотографии, пораки и други чувствителни податоци е заклучување на екранот. Ако не сте задоволни со оваа вградена функција во системот на „Андроид“, постојат многу други одлични апликации што нудат и дополнителни безбедносни функции.

2.    Не заборавајте ја надградбата

Навистина е паметно да се следат сите софтверски надградби за системот на „Андроид“ затоа што секое ново издание не само што носи и нови безбедносни функции туку нуди и дополнителни функции со кои ќе го освежите паметниот телефон.

3.    Избегнувајте да го полните телефонот преку УСБ

Причината е едноставна: компјутерот испорачува значително помалку електрична енергија од полначот, па затоа полнењето на батеријата ќе трае подолго време.

4.    Не заборавајте на безбедносните копии (back up)

Најверојатно на мобилниот телефон чувате гигабајти фотографии, музика, е-книги и други работи што ви се важни или драги. Со губењето или кражбата на телефонот сите би можеле неповратно да исчезнат ако редовно не правите безбедносни копии – backup. Можеби тоа ќе ви одземе извесно време, но може да ви значи многу ако од некаква причина останете без уредот.

5.    Не складирајте сè онлајн

Чувањето датотеки во cloud е корисно и практично. Сепак, немојте комплетно да се потпирате на тоа, туку дополнително направите и безбедносна копија на најважните податоци на хард дискот што ви е при рака.

6.    Не дозволувајте прегревање на уредот


Да се остави скап и чувствителен уред како што е паметниот телефон до силен извор на топлина е многу лоша идеја. Со тоа во најдобар случај ризикувате скратување на животниот век на батеријата, односно експлозија и запалување во полошата варијанта. Штом ќе заврши полнењето, веднаш исклучете го мобилниот од конекторот за електрична енергија.

7.    Не изложувајте го екранот на непотребни ризици

Заштитното стакло Gorilla е супер, но не е семоќно. А замената на стакло на смартфонот е скапа работа. Затоа, внимавајте како ракувате со мобилниот и вложете средства во заштитна футрола или обвивка.

8.    Чувајте го смартфонот на суво

Да, сè повеќе модели на паметни телефони се отпорни на вода. Но, ако немате таков уред, треба да го чувате подалеку од влажни места. Влагата е меѓу водечките причини за оштетување на смартфоните.

9.    Внимавајте што чувате на смартфонот

Ако од некаква причина сакате да фотографирате интимни делови од вашето тело, тоа е ваша работа. Но, не ви препорачуваме таквите фотографии да ги задржите во мобилниот телефон. Никогаш не можете да знаете што сè може да се случи со нив и во чии раце може да стигнат.

10.    Прикријте ги трагите

Можеби сте сурфале по веб-страници наменети за возрасната публика или сте барале подарок за некое блиско лице. Без оглед што сте правеле, не дозволувајте да ве откријат трагите. Исчистете ја историјата на пребарување и користете анонимен начин на пребарување.

11.    Не инсталирајте сомнителни апликации


Огромен број злонамерни апликации имаат цел да извршат напад врз оперативниот систем „Андроид“. Особено оние сопственици што не се толку внимателни при преземањето на апликациите, па истото го прават и со веб-дестинации со сомнителна репутација.