Активниот вулкан Синабунг во Индонезија го разнел врвот на планината!

Активниот вулкан Синабунг во Индонезија го разнел врвот на планината!

Подготвил: Тамара Гроздановски

1
Фото: AP Photo/Sarianto

Вулканот на северниот остров Суматра во Индонезија исфрлил пепел на висина од пет километри, а од силата на ерупцијата бил разнесен и целиот врв на планината.

Сликата пред и после ерупцијата од индонезискиот центар за вулканологија покажуваат дека на планината ѝ фали цел врв.

Од вулканот во областа на Северна Суматра, што е активен од 2010 година, од вчера започнале да излегуваат облаци пепел, дури 4.9 километри од кратерот. Нема повредени, а видео снимките покажуваат како децата врескајќи бегаат од училиштата, додека големите облаци пепел се подигнуваат во позадина.



Овој вулкан, што е помеѓу трите вулкани моментално активни во Индонезија, бил неактивен четири века за во 2010 година да еруптира, кога починале две лица.



Околу 30.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови во подрачјето околу вулканот во изминативе неколку години. Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, подрачје познато по сеизмичката активност и вулканските ерупции.