Оглас за вработување во Централниот регистар на Република Македонија...Плата 67.243,00 денари

Оглас за вработување во Централниот регистар на Република Македонија...Плата 67.243,00 денари

Врз основа на член 18 став 2 од Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Сл. весник на Република Македонија бр. 84/2005, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15 192/15 и 53/16), и член 22 од Законот за работните односи („Службен весник на Р. Македонија" број 167/2015 - пречистен текст и 27/2016) a во врска со Решението на Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија број, 02013/14 од 16. 02. 2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор и именување на Регистратор

За именување на Регистратор на Централниот регистар на Република Македонија на определено време за 4 четири) години, се именува лице кое треба да ги исполнува следните услови:

1) да е државјанин на Република Македонија;
2) активно да го користи македонскиот јазик;
3) во моментот на именување со правосилна судска пресуда да не му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење на професија, дејност или
должност;
4) VII1 степен ВСП правен факултет Дипломиран правник со положен правосуден испит и 5 (пет) години работно искуство на правни работи по положувањето на
правосудниот испит,
- Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно редовно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата) и основна нето плата од 67. 243,00 денари;
-Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8, 00 часот a завршува во 16, 00 часот.

Во прилог на пријавата кандидатите треба да ги достават следните документи:
- Пријава со кратка биографија (CV);
- Уверепие за државјанство
- Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Уверение Диплома за завршено образование;
- Доказ за работно искуство на правни работи;
- Копија од лична карта

Заинтересираните кандидати, молбата заедно со доказите за исполнување на условите по овој оглас можат да ги достават во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот, непосредно до архивата на Централниот регистар на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски Питу број 1 или по пошта. Телефон за контакт 3 288 100, лице за контакт Катерина Филиповски.
Централниот регистар на Република Македонија изборот ќе го изврши најкасно во рок до 45 (четириесет и пет) работни дена по истекот на рокот за пријавување.
Некомплетните и ненавремено поднесените молби нема да се разгледуваат.
Централен регистар на Република Македонија Скопје