Снимката што Тито не сакал да ја видите

Снимката што Тито не сакал да ја видите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

tito
Фото: Printscreen/Youtube

Снимката од говорот на Тито од 1975 година, која прво била забранета, а потоа заборавена, повторно привлекува внимание во јавноста, не само поради содржината на неговиот говор туку поради неговите немирни пудлици што не престанале да лаат додека тој зборувал.

Во текот на целиот говор кучињата лаеле без престан, тој ги смирувал, но во еден момент целосно го изгубил трпението.

„Мрш!“, викнал Тито и ја избркал едната пудлица што била во негова близина.

Но ова не била единствената причина поради која Тито ја забранил снимката. Една од причините е изјавата на Тито за Италија што не била за објавување.

Имено, Тито на своите соработници им објаснил дека Словенците во Италија имаат помалку права отколку Италијанците во Словенија и Истра, велејќи дека за тоа е виновна неспособната италијанска влада, а некој од присутните рекол дека тоа не треба да биде објавено.

„Изјавата во врска со Италија избришете ја од лентата“, изјавил тој на крајот од снимката.