Одгледување деца на дански начин

Одгледување деца на дански начин

Подготвил: М.П.

Лектор: Ивана Кузманоска

Во Данска не е пожелно да се истакнувате. Тоа го потврдуваат мноштвото аргументи од поучната книга „Данско одгледување на деца“, која зборува за тоа што знаат најсреќните луѓе на светот за одгледувањето и воспитувањето самоуверени и способни деца.

фотоизвор: buka.com

Ова се само неколку реченици од книгата:

-    Во Данска родителите им нудат помош на децата само кога тоа е навистина потребно.
-    Претерувањето во надзорот над животот од децата не е добредојдено.
-    Данците не ги запишуваат своите деца на 10 активности надвор од училиштето за тие да бидат најдобри во спорт, музика, јазици, карате, глума. Важно им е нивните деца да си играат.
-    Не им внесуваат знаење во главите на децата од првиот ден. Не е важно детето од 5 години да мора да знае да чита и да пишува.
-    Во основно училиште редовната настава завршува најдоцна до 14 часот попладне, а децата потоа може да одат на незадолжителен продолжен престој.
-    Не е необично тоа што лего-коцките доаѓаат од Данска.
-    Најдобрата компанија за производство на детски игралишта доаѓа од Данска – „Компан“.
-    Данците не смислуваат игри за своите деца. Ги оставаат сами да си играат и да ја развиваат својата креативност.
-    Данците не ги штитат децата од страв и судири. На тој начин ги учат да се запознаат со сопствените чувства, па макар биле и негативни.
-    Не претеруваат со упатување пофалби кон своите деца – тоа ги учи на понизност уште од мали нозе.
-    Им читаат и приказни што немаат среќен крај. Децата од тоа можат многу да научат.
-    Не им припишуваат веднаш дијагноза од различните помодарски нарушувања како депресија, опсесивно-компулсивно нарушување, хиперактивност и сл.
-    Ги учат своите деца на негативните случки во животот да им даваат помалку значење, а повеќе да се насочат кон позитивните.
-    Не им ги наметнуваат своите мислења на децата.
-    Ги учат децата да го пронајдат доброто во луѓето.
-    Емпатијата и сочувството се задолжителни во градинката. Сметаат дека емпатијата треба да се развива од мали нозе.
-    Данците не се претерано заштитнички родители и не ги завршуваат задачите наместо децата.
-    Од мали ги учат децата дека тимската работа, заедништвото и помагањето се најважни вештини во животот.
-    Казнувањето со удирање по задникот во Данска е забрането со закон.
-    Ги учат децата дека не е важно што мислат другите за нив.
-    Данците се држат до семејните и пријателски собиранки, заеднички оброци и дружења покрај каминот или, пак, во природа.