Три кратки приказни - за вербата, довербата и за надежта

Три кратки приказни - за вербата, довербата и за надежта

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

kratki

Најкомплексните и најважните работи понекогаш лесно може да се објаснат. Се кријат во секојдневните ситуации, ритуали, постапки и движења. Во продолжение се дадени три кратки приказни што на секој човек ќе им покажат што се вербата, довербата и надежта.

За вербата

Жителите на едно место одлучиле заедно да се молат за дожд. Сите дошле во закажаното време, но само едно момче донело чадор. Тоа е верба.

За довербата


Кога играте со вашето дете фрлајќи го во воздухот, тоа весело се смее бидејќи знае дека ќе го фатите. Тоа е доверба.

За надежта

Секоја вечер легнуваме во кревет без никаква гаранција дека наредното утро ќе се пробудиме, а сепак го навиваме будилникот. Тоа е надеж.