„Златна Бубамара на популарноста“ низ објективот на Факултети.мк

„Златна Бубамара на популарноста“ низ објективот на Факултети.мк



Во полна сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје синоќа се одржа 21. издание на манифестацијата „Златна буба мара на популарноста“. Гостите повеќе од четири часа се забавуваа, смееја, уживаа во музичките содржини. Покрај многуте изведувачи и доделени статуетки, наградата за трајни вредности ѝ беше врачена на хрватската група „Нови фосили“. Уште додека се одржуваше манифестацијата, на социјалната мрежа „Фејсбук“ гостите споделуваа фотографии, а најмногу пофалби како и секоја година добиваше Ранко Петровиќ, главиот човек поради кој пости „Златна буба мара“.