Најкорумпираните земји во светот - каде се наоѓа Македонија?

Најкорумпираните земји во светот - каде се наоѓа Македонија?

Подготвил: Тамара Гроздановски

корупција
Фото: Corruption Perception Index

Индексот за перцепција на корупцијата ја содржи листата со најкорумпираните земји во светот и најмалку корумпираните. Неодамна беше објавена листата за 2017 година, и не изгледа добро.

Индексот на „Транспаренси интернешнл“, кој рангира 180 земји според нивните нивоа на корупција во јавниот сектор, користи поени од 0 до 100. Колку е поблиску резултатот до 100, толку земјата подобро врши работа во спречување на корупцијата, додека оцената подолу од 50 сугерира дека земјата има сериозен проблем.

Нов Зеланд се најде на првото место, додека нордиските нации - Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска, како и секогаш, блескаат. Лошо е тоа што две третини од земјите имаат поени пониски од 50, додека просечните поени се 43.

Се чини дека ситуацијата нема да се подобри наскоро. Мнозинството од земјите бавно се движат во нивните напори да ја запрат корупцијата.

Во изминатите шест месеци голем дел од земјите немале добар напредок. Некои земји имаат значително подобрени поени, вклучувајќи ги Брегот на Слоновата Коска, Сенегал и Велика Британија - додека другите имале значителен пад: Сирија, Јемен и Австралија.

Очекувано, земјите со најниска заштита на новинарите и невладините организации исто така имаат најлоши рангирања кога станува збор за корупцијата. Речиси сите новинари убиени од 2012 година наваму биле убиени во корумпирани земји.

„Ниту еден активист ниту репортер не треба да се плаши за својот живот кога зборува против корупцијата“, изјави Патрисиа Мореира, директорка во „Транспаренси интернешнл“.

Сепак, треба да знаете дека индексот ја мери перцепцијата за корупција така што не ја претставува вистинската корупција.

Македонија, со 35 поени, се најде на 107. место од вкупно 180 земји.