Оглас за вработување во Мрежата за рурален развој на РМ

Оглас за вработување во Мрежата за рурален развој на РМ

Оглас за позиција – Асистент на проект

Мрежата за рурален развој на РМ има потреба од Асистент на проект, за која позиција  го објавува овој оглас.

Бараме работлива, мотивирана и подготвена личност за позицијата Асистент на проект за да му помага на Раководителот на проектот во дневните проектни активности, како и основни административни работи.

Клучни области на активност:
-Поддршка на проектниот тим во општите административни задачи, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: подготовка на документи и уредување, логистичка, административна документација, влез во база на податоци, преводи на англиски јазик итн.
-Документирање и ажурирање на информации кога е потребно.
-Внесување на податоците во базите на податоци.
-Присуствува и известува за состаноци.
-Помага со организацијата и координацијата на разни настани и активности,  работилници и обуки.
-Помага во комуникациски активности и во изготвувањето и уредување на различни документи и презентации, согласно побараното.
-И одредени други работи кои може да бидат доделени.

Искуство / Компетенции
-Искуство во проектно работење;  
-Познавање на основни административни процеси;
-Искуство во користење на бази на податоци, интернет и компјутери;
-Искуство со средување на телефонска и електронска комуникација;
-Одлично познавање на Македонски и Англиски јазик (говорен и пишан);
-Добри административни и организаторски способности;
-Сигурен/а, согледува детали, можност да даде приоритет на работни задачи.
-Успешниот кандидат треба да има одлични писмени и комуникациски вештини, да биде во состојба ефикасно да управува со својот обем на работа, да има силни интерперсонални вештини и подготвеност за преземање на повеќе рутински задачи, како и работа на проекти поврзани со администрација.
-Договор на определено време;

Биографиите да се достават во печатена форма на адреса „Коста Веселинов 3а; Скопје, или електронски на info@ruralnet.mk, во период од 7 дена од објавување на огласот.