Што ќе ѝ се случи на Земјата ако биде потопла за два Целзиусови степена?

Што ќе ѝ се случи на Земјата ако биде потопла за два Целзиусови степена?

Подготвил: Тамара Гроздановски

zemja

Ако светот биде потопол за два Целзиусови степени, лошо ни се пишува. За да го спречат тоа, Обединетите нации го потпишаа Парискиот договор, меѓународен договор дизајниран да ја задржи просечната глобална температура под 2°C.

Во текот на последните 20 години тој праг од два степена е референца во политиките и спогодбите од страна на Советот на ЕУ, Г-8 (сега Г-7).

Зошто овие два степена се толку важни?


Сѐ започнало во 1975 година кога економистот д-р Вилијам Нордхаус сфатил дека затоплувачката планета е закана за глобалната економија. Тој ги прашал своите колеги од Меѓународниот институт за применета системска анализа - група која промовира научни откритија низ дисциплини и меѓународни граници: „Дали можеме да го контролираме јаглеродниот диоксид?“ Нордхаус вели дека зголемувањето на глобалната просечна температура од 2°C (јаглероден диоксид предизвикан од човекот) ќе ја промени нашата клима на начини што не се гледаа во последните стотици илјади години.

Како економист добил два степена? Нордхаус не ги измислил, тој се базирал на науката. Бидејќи знаел дека јаглеродниот диоксид ја затоплува планетата, Нордхаус пресметал што ќе се случи ако концентрацијата во атмосферата е двојно зголемена - што е еднакво на глобално затоплување од два степена. Тој исто така предвидел дека во тогашната тековна стапка тргнавме кон „опасна зона“ над 2 степена околу 2030 година.

Во текот на наредните 20 години, научниците предупредуваа на опасностите од зголемување на температурите поради вештачки гасови со ефект на стаклена градина. Во 1992 година Конвенцијата за климатски промени на ОН била воспоставена со цел да се спречи опасно човечко мешање во климата, но не била воспоставена цврста граница за емисиите или зголемената глобална температура. Беа потребни уште четири години за 2°C да се појават во политиката. На крајот, ОН конечно ја ратификуваа границата од 2°C во Парискиот договор во 2016 година - повеќе од 40 години откако Нордхаус првпат зборувал за нив.

Можеби 2°C не изгледаат многу. Најверојатно нема да забележите флуктуација од два степена во текот на вашиот просечен ден. Но климатските промени и глобалното затоплување се однесуваат на долгорочните трендови.

Во текот на 20 век просечната глобална температура била околу 14°C. Од 1880 година светот се загреал за цел степен, но повеќе од две третини од тоа зголемување се случиле по 1975 година. И секоја година во 21 век е една од топ-20. најтопли години.

Последниот пат кога Земјата била толку топла колку што е сега било пред 11.000 години. Океаните покриваат 70 отсто од нашата планета, така што е потребно многу енергија да се затопли толку вода, да не ги споменуваме воздухот и земјата. Така, зголемувањето на 2°C во просечната глобална температура значи многу работи.

Ги чувствуваме последиците од нашите постапки - затоа времето изгледа почудно отколку во минатото. Ураганот „Харви“ го погоди Хјустон во 2017 година, а неговите дождови биле 10 пати поголеми поради климатските промени предизвикани од човекот.

Ако Земјата се затопли за 2 степена, светот ќе биде многу посув, а тоа ќе влијае врз економиите, земјоделството, инфраструктурата и времето. Растечките температури ќе ги оштетат екосистемите и видовите што нема да можат да се приспособат, вклучувајќи ги и оние во коралните гребени и арктичките области. Ниско поставените крајбрежни региони и малите острови низ целиот свет се изложени на ризик да исчезнат бидејќи нивото на морето се зголемува поради мразот од Гренланд и мразот од Арктикот.

Меѓувладиниот панел за климатски промени - организација што ги советува владите за причините и последиците од климатските промени, сега го проучува она што светот ќе биде ако просечните температури се зголемат за три, четири степени или повисоко. Тоа може да доведе до суштинско исчезнување на некои видови, големи ризици за глобалната и регионалната безбедност на храната и неспособност да се работи и живее надвор во одредени области во светот.

Дали земјите како Америка, Кина и Индија ќе можат не само да ги ограничат туку и да ги намалат емисиите на СО2 за да ја задржат планетата под 2 степена? Иднината е мрачна. Истражувањата базирани на податоците од ИПЦЦ велат дека постојат 95 отсто шанси дека ќе ги надминеме тие два степена до 2100 година - а штетните ефекти од климатските промени може да бидат неизбежни. Имаме моќ да ги намалиме емисиите и да го задржиме најлошото затоплување. Но немаме време.