МИОА вработува! Отворени се 7 (седум) работни места

МИОА вработува! Отворени се 7 (седум) работни места

Врз основа на член 22 став (8) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" број 27/14, 199/14 и 27/16), член 22, став (1), алинеја 1 од Законотза работните односи („Службен весник на Република Македонија" број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015 и 27/2016), Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 7 (седум) лица во Министерството за информатичко општество и администрација на определено време

Министерството за информатичко општество и администрација објавува оглас за вработување на 7 (седум) лица на определено време на следниве позиции:

1. Советник за Слободен пристап до информации од јавен карактер и Соработка со државно правобранителство и народниот правобранител, во Одделение правни работи, во Сектор за поддршка, општи и правни работи на министерството 1 извршител

Општи услови
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
VI A според Македонската рамка на квалификации и стекнати на јмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење најмалку три години работно искуство во струката
Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40,
работно време од понеделникдо петокод 08. 30 до 16. 30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата 25. 023, 00 денари.

2. Референт за поддршка на проектите „Светот на дланка бесплатни интернет клубови" и „Компјутер за секое дете" североисточен регион, во Одделение за ИКТ проекти, во Сектор за развој и промоција на информатичко општество 1 извршител

Општи услови
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови
да имаат завршено V A или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование (гимназиско, средно стручно или уметничко образование
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење најмалку една година работно искуство во струката
Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40,
работно време од понеделникдо петокод 08. 30 до 16. 30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата 14. 176, 00 денари.

3. Референт за Поддршка на проектите „Светот на дланка бесплатни интернет клубови" и „Компјутер за секое дете" северо -западен регион во Одделение за ИКТ проекти, во Сектор за развој и промоција на информатичко општество 3 извршители

Општи услови
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови
да имаат завршено V A или ниво на квалификации IV според Македон ската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование (гимназиско, средно стручно или уметничко образование
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење најмалку една година работно искуство во струката
Активно познавање на еден од трите на јчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40,
работно време од понеделник до петок од 08. 30 до 16. 30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата 14. 176, 00 денари.

4. Помлад референт за подцршка на проектите „Светот на дл анка бесплатни интернет клубови" и „Компјутер за секое дете" северо источен регион во Одделение за ИКТ проекти, во Сектор за развој и промоција на информатичко општество 2 извршители

Општи услови
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови
да имаат завршено V A или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование (гимназиско, средно стручно или уметничко образование
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење најмалку со или без работно искуство во струката
Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40,
работно време од понеделник до петок од 08. 30 до 16. 30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата 13. 489, 00 денари.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи и посебните услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за информатичко општество и администрација.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги доставатдоказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заврена кај нотар, и тоа:

Кандидатите за сите работни позиции, потребно е да ги достават следните документи:
Доказ за државјанство;
Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
Уверение / диплома за завршен степен на образование;
Доказ познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Доказ за познавање на еден од од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски јазик);
Кратка биографија;
Писмо за мотивација.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време. Вработувањето е во траење од 1 една година.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Министерството за информатичко општество и администрација или по пошта на следнава адреса:

Министерство за информатичко општество и администрација
бул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 54, 1000 Скопје
Архивата наминистерството
(со назнака „за оглас за вработување"
Контакт број 02 3200 870


Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.