Знаете ли која земја е најдобра за копање биткоини?

Знаете ли која земја е најдобра за копање биткоини?

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


Илустрација: Рудар и биткоин
(Фото: Pixabay)


Вредноста на биткоинот продолжи да паѓа во текот на викендот што помина, со темпо од минус 110 долари на ден, па еден биткоин вреди 9.452 долари со тенденција да опаѓа и натаму.

Сепак, биткоинот повторно ја врати вредноста од над 9.000 долари, а ваквите вести доаѓаат во моментот кога централноазиската земја Узбекистан соопшти дека ги прифаќа биткоинот и криптовалутите.

Трошоците за рударење во Узбекистан се меѓу најниските во светот затоа што оваа земја е водечки производител на електрична енергија.

Неодамнешните студии покажаа дека се очекува Узбекистан да стане еден од главните играчи во криптосветот, како трета најдобра земја за копање криптовалути кога станува збор за трошоците.

Ископувањето и ковењето на еден биткоин чини 1.790 долари, а Узбекистан е еден од најголемите производители на електрична енергија во светот.

Претходно, инвеститорите биле советувани да избегнуваат „играње со ајкули“, како што неформално го нарекуваат тргувањето со криптовалутите, затоа што овој пазар не е сигурен и безбеден поради недостигот на регулација.

„Моментално биткоинот е коцкање. Не гледам како може да подобри чиј било живот“, вели Метју Леско, додавајќи дека доколку не сте експерт, ова се „пеколни времиња“ за вклучување во трговијата со криптовалути затоа што тоа е „играње со ајкули“.