Оглас за вработување во Фондот за иновации и технолошки развој

Оглас за вработување во Фондот за иновации и технолошки развој

Врз основа начлен 32 од Законотзаиновацискатадејност (Сл. весникна РМ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16 и 1 90/16), Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на Директор на Фондот за иновации и технолошки развој

Потребни услови кои кандидатот треба да ги исполни:
да е државјанин на Република Македонија;
во моментот на изборот, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на економските или техничкотехнолошките науки;
да има минимум 5 (пет) години работно искуство во областа;
да има положено психолошки тест и тест за интегритет и
да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода
ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода
ИЛЕЦ (ILEC) Cambridge English: LegalнајмалкуБ2 (В2) ниво
ФЦЕ (FCE) Cambridge English: First - положен или
БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите потребно е да ги достават следниве документи;
кратка биографија и мотивационо писмо;
уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци);
диплома или уверение за завршена стручна подготовка (заверено на нотар);
потврда од надлежен орган дека не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност не постаро од 6 месеци);
потврда за работно искуство во областа;
сертификат или уверение за познавање на англиски јазик (согласно горе наведените потребни услови)
доказ за положен психолошки тест и тест за интегритет.

Документацијата за аплицирање се доставува во затворен плик до Ивана Сазданоска, овластено лице за прием на апликации, на следнава адреса: Фонд за иновации и технолошки развој, бул. Гоце Делчев бб, зграда на МРТ, 20 кат 1000 Скопје, со назнака „за јавен оглас за избор на Директор на Фондот за иновации и технолошки развој"

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок.

Полното работно време на Директорот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 08. 30 часот до 16. 30 часот.

Директорот се избира за период од 4 (четири) години.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на аплицирањето. Краен рок за аплицирање е 29.3.2018 година.

Некомплетна документација и документација доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.