Јавен конкурс за избор на директор на Македонска академска истражувачка мрежа МАРнет.
Врз основа на член 1 1 од Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа МАРнет Службен весник на РМ број 124/2010, 47/2011 41/2014 и број 11/2018)" како и врз основа на Одлуката за распишување на Јавен конкурс за избор на директор на Македонска академска истражувачка мрежа МАРнет број 66/204, В. Д Директорот на Македонска академска истражувачка мрежа МАРнет распишува
ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКА АКАДЕМСКА ИСТРАЖУВАЧКА МРЕЖА МАРнет
1.Се распишува Јавен конкурс за избор на директор на Македонска академска истражувачка мрежа МАРнет.
2.Директорот се избира за време од 5 (пет) години со можност за избор на уште еден мандат.
3. За директор може да биде избрано лице кое ги исполнува следните услови: да е државјанин на Република Македонија; во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен V1I/1 степен од областа на ииформатичките и комуникациските технологии;
да има специјалистички знаења од областа на информатичките и телекомуникациските технологии;
да има минимум пет години работно искуство од областа на информатичките и комуникациските технологии;
да има стручни и организациски способности;
да понуди најквалитетна Програма за работа на МАРнет,
4. Кандидатот кој ќе биде избран за Директор на Македонска академска иетражувачка мрежа МАРнет, е должен да го исполни условот за познавање на странски јазик најдоцна во рок од една година од денот на неговоиот избор и тоа еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (1LEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (В2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (APT1S) - најмалку ниво Б2 (В2).
На директорот кој нема да го исполни условот за познавање на странски јазик во утврдениот рок му престанува мандатот.
5. Јавниот конкурс трае до 30.03.2018
6. Кандидатите да ги достават пријавите по поштенски пат или во Архивата на МАРнет со назнака "До Управен одбор на Македонска академска истражувачка мрежа МАРнет" /пријава по Јавен конкурс за избор на директор на Македонска академска истражувачка мрежа МАРнет, Бул. Партизански одреди број 17, 1000 Скопје.
В. Д. Директор
М-р Александар Попоски