ЈАВЕН ОГЛАС за избор на директор на Институтот за стандардизација на Република Македонија

ЈАВЕН ОГЛАС за избор на директор на Институтот за стандардизација на Република Македонија

Вра основа на член 14в, став 1 алинеја 16, член 15, член 15а од Законот за стандардизација („Службен весник на Република Македонија, бр. 54/02, 84/1 2, 23/1 3, 41 /14, 53/16), Советот на Институтот за стандардизација на Република Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на директор на Институтот за стандардизација на Република Македонија


За директор на Институтот за стандардизација на Република Македонија (во понатамошниот текст: ИСРМ) може да биде избрано лице кое ги исполнува следните услови:

1 е државјанин на Република Македонија;
2) во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; 3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
4) да има најмалку пет години работно искуство;
5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: - ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) најмалку 6 бода, - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (В2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, - БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода и
6) има положено психолошки тест и тест за интегритет.

Јавниот оглас трае 15 дена од денот на објавувањето.
Директорот се избира во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.

Кон пријавата, кандидатите треба да достават:
кратка биографија (CV) диплома и уверение за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- потврда за претходно работно искуство
- меѓународно признат сертификат/уверение за активно познавање на англиски јазик уверение за државјанство
- уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; (не постаро од 6 месеци),
- документ за положен психолошки тест и тест за интегритет.

Потребната документација кандидатите се дожни да ја достават во оригинал или фотокопија заверена кај нотар.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување). Ненавремената и некомплетна документација нема да биде предмет на разгледување од отрана на Советот на ИСРМ. Пријавата со потребната документација, кандидатите се должни да ја достават на следната адреса: Институт за стандардизација на Република Македонија Совет на ИСРМ ул. Јуриј Гагарин бр. 15 кат III 1000Скопје (со назнака за Јавен оглас)