ТЕ-ТО АД Скопје вработува! Отворени се 3 (три) работни места
Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје управува со „Постројка за комбинирано производство на електрична енергија и топлина“ и претставува една од најголемите инвестиции во Република Македонија.
ТЕ-ТО АД Скопје има потреба од вработување на млади, динамични и мотивирани личности за пополнување на вкупно 3 позиции, за следните работни места:
1. Аналитичар/Трговец за купопродажба на електрична енергија (1 позиција)
Kритериуми:
• Високо Образование (Економски Факултет или Финансии, Електротехнички факултет);
• Добро познавање на пазарот на електрична енергија во Р. Македонија, во Југоисточна Европа и Централна Европа;
• Добри аналитички способности во однос на пазарот на електрична енергија во Р. Македонија, во Југоисточна Европа и Централна Европа;
• Искуство во тргување на регионални берзи за електрична енергија (HUPX, OPCOM, HTSO и други);
• Лиценца за трговија со електрична енергија на некои од горенаведените берзи ќе се смета за предност;
• Искуство во тргување со прекугранични капацитети во регионот на Југоисточна и Централна Европа;
• Искуство во подготвување на тендерска документација за испорака/набавка на електрична енергија;
• Одлично познавање од енергетската регулатива во Република Македонија и Југоисточна и Централна Европа;
• Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик;
• Одлично познавање на Microsoft Excel;
• Способност и желба за работа во флексибилен и динамичен тим;
• Способност за работа под притисок во куси временски рокови;
• Минимум 3 години работно искуство во анализа на пазарот за енергетика/трговија со електрична енергија;
• Одлични преговарачки способности;
• Работа со компјутер
2. Оператор – помошник во производство (2 позиции)
Критериуми:
• ВСС машински или електро факултет
• Задолжително добро познавање на говорен и пишан англиски јазик
• Способност за работа во тим
• Сменска работа
• Работа со компјутер
• Работно искуство во индустрија ќе се смета за предност
Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија на англиски јазик до Сунчица Арсовска исклучиво на следниот начин:
Електронски:
Message to: sarsovska@balkan-energy.com
Subject: Пријава: Позиција 1 (или 2)
По пошта:
ТЕ-ТО АД Скопје,
Ул. „515“ бр. 8 поштенски фах 99,
1000 Скопје
Пријава: Пријава: Позиција 1 (или 2)
Крајниот рок за пријавување е 16.03.2018 год. Сите пријави кои ќе пристигнат по наведената дата нема да бидат земени во предвид.