Практикантска работа во АрцелорМиттал
Стекнете со работно искуство во водечка и светка компанија за производство на
челик!
Опис: АрцелорМиттал е светска водечка компанија за производство на челик, со
претставништва во над 60 земји. Присутни сме на пазарот во Македонија од
2004 година и постојано се стремиме да го поттикнеме развојот и напредокот на
младите кадри преку практикантска програма во различни области. Праксата во
одделот за Човечки ресурси и правни работи е со полно работно време и
вклучува: запознавање со политиките и практиките во секторот , применување
алатки за унапредување на перформансите, инволвирање во внатрешна
комуникација.
Наменето за: студенти и дипломци од општествени науки кои имаат одлично
познавање на Англиски Јазик и компјутерски вештини, познавање на Excel, се
комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон
успех.
Придобивки:
• 3 месечна практикантска работа со ментор
• континуиран процес на учење и развој на вештини
• покриени трошоци за превоз и храна
• професионална работна атмосфера
Како да аплицирам?
Испратете го своето CV на
HRIntern.Skopje@arcelormittal.com, со назнака
„Апликација за пракса – Човечки ресурси“. Само селектираните кандидати ќе
бидат повикани на интервју.