Вработување во МВР! Отворени се 2 (две) работни места

Вработување во МВР! Отворени се 2 (две) работни места

Врз основа на член 20г став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор („СлужбенвесникнаРепубликаМакедонија" бр. 27/2014, 199/2014 и 27/2016) ичлен 22 став 1 точка 1 ичлен 23 одЗаконот заработните односи („Службен весникна Република Македонија" бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 167/2015 и 27/2016), Министерството за внатрешни работи, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

За вработување на 2 лица во Министерството за внатрешни работи на неопределено време и тоа:

Келнер 2 извршители.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
да е државјанин на Република Македонија;
да е полнолетен;
да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Покрај општите услови, кандидатите кои ќе се пријават треба да ги исполнуваат и посебните услови утврдени во Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за внатрешни работи;
завршено средно образование во областа, без работно искуство
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
диплома за завршено средно образование
извод од матична книга на родените,
кратка биографија и мотивационо писмо и доказ дека не му е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност.

Почеток и завршеток на дневното и неделното работно време:
дневно работно време се утврдува со почеток на работното време помеѓу 07. 30 часот и 08. 30 часот и завршеток на истото помеѓу 15. 30 часот и 16. 30 часот, a со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа. Правото на пауза во текот на дневното работно време се користи од 1 2. 00 часот до 1 2. 30 часот, во вкупно времетраење од 30 минути.

неделно работно време 40 работни часа (од понеделник до петок).
Основната нето плата за работното место изнесува 16. 560, 00 денари.
Рокот за доставување на потребната документација изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Министерството за внатрешни работи по службена должност го обезбедува документот за докажување на државјанство.

Кандидатите не седолжни да достават доказ за општата здравствена способност, односно Министерството за внатрешни работи при склучување надоговорот за вработување ќе одлучи дали кандидатот ќе биде упатен, на товар на Министерството, пред Здравствена комисија на Министерството за внатрешни работи заради утврдување на општата здравствена способност потребна за работното место. Постапката на селекција и избор на лица кои ќе засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи врз основа на јавен оглас ќе го спроведе посебна комисија формирана во Министерството во рок пропишан во Законот за работните односи.

Заинтересираните кандидати потребната документација должни се да ја поднесат во архивата на Министерството за внатрешни работи или по пошта на адреса: „Димче Мирчев" бр. 9, 1000 Скопје (со назнака „за огласза вработување, Потребната документација, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (07. 3016. 30 часот).
Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.

МИНИСТЕРСТВО ЗА
ВНАТРЕШНИ РАБОТИ