Оглас за вработување во Сорсикс

Оглас за вработување во Сорсикс

Специјалист за корисничка поддршка на Здравствени Информациони Системи (на Српски јазик)

Минимални потребни услови:
Високо образование – за предност ќе се смета образование од областа на техничките науки
Одлично познавање на Српски јазик (комуникација и пишување)
Познавање на Англиски јазик
Познавање на Microsoft Office
За предност ќе се смета работно искуство во здравствени системи

Одговорности и работни задачи:
Интензивна комуникација преку телефон и е-пошта со голем број на корисници (на Српски јазик)
Професионална корисничка поддршка за крајните корисници на информатичкиот систем
Управување со проблеми на корисниците и нивно решавање
Идентификација и приоритизација на проблеми кои може да влијаат на достапноста на системот
Тестирање на веб-базиран систем и откривање на грешки во системот

Способности и вештини:
Способност за тимска работа
Одговорност кон дефинирани рокови
Професионалност во работењето
Способност за работа под притисок
Комуникациски и презентациски вештини

Се нуди мотивирачка месечна плата, долгорочен професионален развој преку работа во современа брзо растечка ИТ компанија.

Заинтересираните кандидати своите професионални биографии може да ги испратат на: jobs@sorsix.com со назнака за работното место за кое аплицираат.

Ќе бидат контактирани само кандидатите што ќе бидат поканети на интервју.