Оглас за вработување во Магрони ДОО, Скопје

Оглас за вработување во Магрони ДОО, Скопје

МАГРОНИ ДОО - Скопје е една од водечките македонски компании за производство и дистрибуција на природна минерална и изворска вода, освежителни безалкохолни и алкохолни пијалаци.

Нашиот успешен тим има потреба од:
Координатор за превентивно одржување на производствените линии и за користење и одржување на транспортните средства (1 позиција)

Барања за позицијата:
• Завршено високо образование на Машински факултет
• Познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet)
• Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување)
• Способност за извршување повеќе работни задачи истовремено
• Способност за приспособување на нови и различни задачи
• Способност за тимска работа

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на pravnasluzba@magroni.com.mk најдоцна до 18.03.2018. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.