Оглас за вработување во „Макпетрол“ А.Д. Скопје

Оглас за вработување во „Макпетрол“ А.Д. Скопје

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол" А. Д. - Скопје распишува

ОГЛАС
За вработување на 1 работник на определено време од 5 (пет) месеци работно место самостоен референт во Одделение за царинење Скопје во Центар за шпедиција во Неенергетски комерцијални дејности.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено високо образование;
Лиценца за царинско застапување;
Возачка дозвола Б категорија;
Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
Познавање на англиски јазик.
Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 08:00 часот До 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.

Висината на основната плата за горнаведеното работно место изнесува 26. 600 денари.

Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно законските и подзаконските одредби.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.

Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол" А. Д. - Скопје Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 4 Скопје
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање.

Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју. Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по иетекот на рокот на пријавувањето. во зависност од бројот на пријавените кандидати, a сошасно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна Документација. како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работнн дена.

„МАКПЕТРОЛ" А. Д. - СКОПЈЕ