Новото кинеско чудо: Воз што се движи со брзина од 350 километри на час

Новото кинеско чудо: Воз што се движи со брзина од 350 километри на час

Подготвил: Б.Б.


Новиот кинески воз што се движи со брзина од 350 км на час
(Фото: Reuters)

Кинезите претставија уште едно свое технолошко достигнување.

Воз којшто може да се движи и до 350 километри на час.

Возот е со должина од 415 метри, има 16 вагони и место за повеќе од  1.100 патници.

Дизајниран е и целосно произведен во Кина, која има најголема железничка мрежа во светот, приспособена за брзи возови.

Мрежата се протега на 22.000 километри!