Дали навистина е важно дали ќе го извадите УСБ-стикот пред безбедно да го исклучите?
Подготвил:
Билјана Арсовска
Сите сме виновни за вадење на
УСБ-стиковите од нашите компјутери наместо соодветно да ги исклучиме, за потоа да ни се појави осудувачкото предупредување декка не сме требале да го направиме тоа. Но, кога се на стикот функционира добро кога ќе го приклучите, не можете а да не се запрашате дали всушност прави нешто кога безбедно го исклучувате стикот пред да го отстраните?
Фото: Pixabay
По се изгледа да. Всушност, чекањето дополнителни 30 секунди пред безбедно да го исклучите УСБ-то може да помогне во соодветно снимање на податоците. Сепак, ризикот зависи од оперативниот систем и што всушност правите со вашето УСБ. Како што објасни Филип Римејкер од „Cisco Systems“, нашите оперативни системи се програмирани да ги третираат надворешните драјвови како да тие секогаш ќе бидат тука. Системот очекува фајловите да бидат пристапни неодредено време и ова го менува начинот на кој системот е во интеракција со стикот.
Тоа значи ако програма во вашиот компјутер само чита некој фајл и не снима информации на УСБ-то, најверојатно нема да направи многу да ги поремети нештата за фајловите на УСБ стикот ако го извадите изненадно. Но, постои ризик дека ќе го збуните вашиот компјутер, објаснува Римејкер.
-Симптомите може да вклучат: изгубени податоци, крашнување на програми или барања за рестартирање. Од друга страна, ако сте смениле или ставиле нови информации на УСБ-то во некој момент, без разлика пред колку време, нештата стануваат малку поризични. Тоа е така затоа што нашите оперативни системи се преефикасни за да едноставно запрат со она што го прават и да ги снимаат информациите кога и да им кажете.
-Заради ефикасност, тие не ги запишуваат фајловите кои ги пренесувате на дискот додека има повеќе фајлови за пренесување. Исклучувањето на дискот е начин на кој му се кажува на компјутерот дека е време да се направи пишувањето, без оглед на тоа дали компјутерот го смета за ефикасно. Кога ќе отстраните УСБ стик без прво да го предупредите компјутерот, може да не го заврши запишувањето на драјвот - вели Рачел Арндт.
Ова значи дека вадењето на надворешниот драјв без претходно предупредување може да резултира со губење на фајлот кој сте го снимиле, без разлика дали сте го снимиле сега или пред неколку часа. Па како командата „safely remove hardware“ го решава овој проблем? Според Римејкер, таа ги предупредува сите програми дека дискот заминува за да преземат соодветна акција и го предупредува корисникот кога програмите не презеле ништо и се уште ги држат фајловите отворени.
Секако, модерните оперативни системи се подобруваат и се подготвуваат така што се обидуваат да ги запишуваат и читаат фајловите што е можно побрзо. „Виндоус“ дури и претстави опција наречена „Optimise for Quick Removal“, која можете да ја селектирате за да се осигурате дека фајловите се запишани. Сепак, никогаш не можете да бидете сигурни кога точно вашиот компјутер завршил со УСБ-то и тоа го прави вадењето вид коцкање.
-Можете кога сакате да го отстраните дискот, но вие сте оставени на милоста на тоа колку добро програмите кои го користат се справуваат со неочекуваното исчезнување на дискот - заклучува Римејкер.