Од Биг Бенг до денес

Од Биг Бенг до денес

Подготвил: Тамара Гроздановски

big beng

Џон Босвел снимил десетминутно видео во кое успеал да сумира 13.8 милијарди години - од Биг Бенг до настанувањето на човекот.

Секоја секунда претставува 22 милиони години, а човекот се појавува дури во последната секунда.

Нараторите на видеото се Морган Фриман, Брајан Кокс, Карл Сејган и Дејвид Атенбороу. Во описот на снимката авторот објаснува дека со ова сакал да покаже колку е стар универзумот и колку луѓето се мали во споредба со светот во кој живеат.

Тој користел податоци и снимки од НАСА и многу други извори.