Оглас за вработување во МАНУ...Плата 25.982,00 денари

Оглас за вработување во МАНУ...Плата 25.982,00 денари

Врз основа на член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Р. М. бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12,
39/1 2, 13/13, 25/1 3, 1 70/1 3, 1 87/1 3, 1 1 3/1 4, 20/1 5, 33/1 5, 72/1 5, 1 29/1 5 и 27/1 6), член 26 од Законот за Македонската академија на науките и уметностите („Службен весник на Р. М. бр. 13/96, 5/09 и 59/2012), член 45а од Законот за научноистражувачка дејност и член 34 од Правилникот за организација на работата на научните и уметничките организациони единици во Македонската академија на науките и уметностите („Билтен" бр. 3/2013), Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии при Македонската академија на науките и уметностите, распишува

Конкурс
за избор на 2 (двајца) соработнициистражувачи на неопределено време во Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии

1. 1 (еден) соработникистражувач во Сектор за пресметковна биологија и 1 (еден) соработникистражувач во Сектор за информатички и комуникациски
технологии
Покрај општите услови за вработување:
-да е државјанин на Република Македонија,
-да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност и
- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност,

Кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- високо образование, ниво на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен или магистратура ниво на квалификации VII, 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 степен,
- активно владеење на еден светски јазик.

Висината на основните месечни нето примања за наведените работни места изнесува 25.982, 00 денари.
Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (7. 00 - 15. 00 часот).

Заинтересираните кандидати потребно е да достават: CV (лична биографија) и мотивационо писмо на македонски јазик, докази за исполнување на општите услови (уверение за државјанство, лекарско уверение и уверение дека на кандидатот не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност), како и докази за исполнување на посебните услови (диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното
место и доказ за активно владеење на еден светски јазик).
Документите се поднесуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.
Со сите пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите за наведеното работно место ќе се спроведе поединечно интервју.
Изборот ќе се изврши во рок согласно член 23 став 2 од ЗРО.
Пријавите со документи за исполнување на условите се доставуваат на адреса:
Македонска академија на науките и уметностите, Бул. „Крсте Мисирков" бр. 2 - Скопје
телефон за контакт (02) 3235 400, во рок од 5 (пет) работни дена од објавувањето на јавниот оглас, сметајќи го и денот на објавувањето заклучно со
20.3.2018 година. Условите наведени во конкурсот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Некомплетни и ненавремени доставени документи нема да се разгледуваат.

МАНУ
Истражувачки центар за комјутерски науки и информатички технологии